MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Дарвин инженеринг

Wednesday, 18 November 2020 13:42
Rate this item
(1 Vote)

Компанијата за производство и изведување на ПВЦ и алуминиумска градежна столарија ДАРВИН ИНЖЕНЕРИНГ зад себе има веќе децениско искуство на македонскиот пазар. Во овој период успеа да изгради имиџ на компанија на која може да и се верува, способна да ги задоволи и најсложените барања и желби на инвеститорите.
Од самиот почеток на своето постоење ДАРВИН ИНЖЕНЕРИНГ при производството на ПВЦ столаријата исклучиво соработува со светски познатата компанија ALUPLAST, користејќи ги нивните профили, кои според квалитетот и постојаната трка по иновации, влегуваат во самиот врв во оваа област. Денес, ДАРВИН ИНЖЕНЕРИНГ е познат по високиот квалитет на пет и шест коморните врати и прозорци што ги произведува, кои имаат висок степен на термичка ефикасност, на заштита од бучава и од прашина. Покрај квалитетниот профил за тоа придонесува и дизајнот на самите врати и прозорци, кои имаат специфичен систем на затварање со три дихтунзи.
Компанијата ДАРВИН ИНЖЕНЕРИНГ располага и со добро обучен стручен тим, оспособен навремено и професионално да ја извршува својата работа. Градежната столарија ја произведуваме според желбите и барањата на клиентите и ги доставуваме со сопствено возило низ цела територија на Македонија.
 
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед : не работиме
 
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:
 
 fb Instagram
  
Read 1009 times Last modified on Wednesday, 18 November 2020 13:51
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org