Друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги БЕРОВИЌ ДООЕЛ Скопје е градежна компанија, основана во 2009 година како семејна компанија. Друштвото првично започна со работа со неколку машини и вработени, но со текот на работата и развој денес БЕРОВИЌ ДООЕЛ располага со голема градежна механизација и брои околу 20 вработени. Претежната дејност на Друштвото БЕРОВИЌ е изведување на работи од областа на нискоградба т.е патна инфраструктура и ископи. Нашата визија е да обезбедиме квалитет со кој ќе се задоволат потребите нa клиентите. Мисијата на БЕРОВИЌ е да изградиме долгорочни врски со нашите клиенти обезбедувајќи ефективна и квалитетна услуга. Нашата цел е регионална експанзија во градежната област и стекнување на повеќе клиенти.
Работно време:
Понеделник - Петок : 08:00-16:00
Саб-Нед : Не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:
Компанијата ЕЛТА ИНЖЕНЕРИНГ е основана 1991г. Наша основна дејност е изведба на градежно занаетчиски работи, комплетна изведба на ентериери, поставување мермер, керамика, водовод, паркет и молерај. Шлајфување и полирање на површини од мермер до висок сјај, како и нивно тековно одржување со машинско чистење и освежување.
Освен со услужна се занимаваме и со продажба на:
– Bellinzoni – Италија средства за чистење и полирање, детерџенти, полир течности и пасти, спрејови за површини од мермер, ПВЦ, ИНОКС, гранит, терацо и друго.
– 3М – САД – брисачи за чевли, противлизгачки ленти за скали и филцови, микрофибер крпи, хемиски средства и друго.
Во нашите деловни простории имаме изложбен салон, каде што ќе можете да се запознаете од поблиску со горенаведените производи, како и лично да се уверите во ефикасноста и економската оправданост на машините за полирање, чистење која ние со задоволство ќе Ви ја презентираме.
Почитувани,
ЕЛМОНД ИН е комплетно приватна фирма регистрирана во 1992 со основна дејност во градежништвото. Посебна специјалност е делот за електрични инсталации и опрема:
1. проектирање и инжењерство
2. изведување на сите типови електрични инсталации
3. трговија
Многуте години искуство и работа во овој регион како и овдешните услови се доволен доказ за успехот на Елмонд Ин. Во минатото успевавме да изградиме имиџ на стабилна, високо професионална и високо квалитетна фирма. Оваа традиција продолжува и во иднина. Ви стоиме на располагање во секое време за да го подобриме квалитетот на нашата работа и професионализмот, и спремни сме за секаков вид на соработка.
Со почит,
Драги Каевски
Гипс картон ѕидните облоги значително ја зголемуваат топлотната и звучна изолација на објектот. Гипс картонот овозможува повеќе варијации како преградни ѕидови и ѕидни облоги, лајсни, спуштени плафони, опшивки, разновидни декоративни елементи и завршни работи. Декорациите од гипс картон и цемент се одличен избор за надворешно и внатрешно уредување на простории.
Освен по дебелината и акустичните својства, ѕидовите од гипс-картон се разликуваат и по видот на плочите од кој се изработуваат.
Одредени парчиња на мебел можат да бидат заменети со декоративни полици од гипс картон
Дизајнерски можности кај ѕидовите од гипс-картон се неограничени.
Постои можност за висинско подесување односно креирање на различни нивоа на спуштени тавани и можност за вградување на различни расветни тела.
Стиропор термоизолационите фасади се нанесуваат брзо и лесно, овозможувајќи значителна термо-изолациона и енергетска заштита на објектот.
Брзо, убаво, квалитетно и поволно !
ГОЛДЕН АРТ - 10 ГОДИНИ ГИ ГРАДИМЕ ВАШИТЕ ДОМОВИ ОД СОНИШТАТА
Со повеќе од 55 реализирани проекти зад себе, Голден Арт ги надминува очекувањата на нашите клиенти и овозможуваме луксузно и квалитетно живеење достапно за секое семејство.
Градиме квалитетно за да трае. Секоја зграда на Голден Арт ја има престижната класа А во рамките на нововоспоставената класификација на станбените објекти според нивната потрошувачка на енергија. Голден Арт се вбројува меѓу првите градежни компании во Македонија кои го промовираат овој начин на градење, од кој најважно е дека на крајот најголема корист имаат самите станари кои живеат во објектот.
Изградбата на енергетско ефикасен објект во моментов продолжува со изградбата на два нови деловно станбени објекти во населбата Кисела Вода и Карпош. Поставивме целосно нови критериуми во овој сектор на недвижности во Македонија. Изведбата на вакви градителски проекти бара нови вештини и знаења на професионалниот кадар на компанијата, но и на самите градежни работници на градилиштето. Истовремено користиме градежни материјали што пред Голден Арт делумно или целосно претставуваа новина во градежништвото на овие простори и тоа од термо блоковите, енергетско ефикасните прозорци и дебелината на нивното стакло, термичката фасада на зградата до енергетско ефикасните врати со кои целосно се заокружува процесот на обезбедување минимална потрошувачка на топлинска енергија во идните станови како и заштита на животната средина.
Доколку сте во потрага по Вашиот идеален дом закажете состанок со агентите на Голден Aрт и направете го вашиот сон, реалност.
ДППГ "ГИПСАР" е формирана на 25.05.1990 година.
Нашата мисија е квалитетно снабдување на територијата на Р. Македонија со градежни материјали и градежни системи.
Стратегијата на Гипсар се базира на постојано подобрување на услугата и програмата што ја нуди, градејќи сигурен однос со своите коминтенти. Гипсар, постојано работи на проширување на палетата на производи за да им овозможи покомплетна понуда на купувачите. Тоа значи дека купувачот може да најде се на едно место.
Истовремено, Гипсар, сето свое искуство и знаење го става на располагање на купувачите, проследено со пријателскиот и љубезен однос на вработените.
За нас една од најважните работи е навремена испорака на материјалите, потоа, управување со залихите и магцинска екипираност што овозможува брз утовар на материјалите.
Работно време: