Боди билдинг и фитнес клубот Атанасовски своите почетоци ги датира од месец септември дамнешната 1992 година,со скромен простор од едвај 50-тина м2 кога на ниво на град Скопје
постоеа клубови од ваков карактер кои можеа да се избројат на една рака.
Две години подоцна , клубот ја доживеа првата трансформација на сосема нов простор , тогаш веќе со расположливи 120 м2 во кругот на Училиштето за деца со оштетен вид , истотака во
Кисела Вода , кога всушност членовите на клубот забележаа значајни спортски резултати со освоени први места на републичко ниво, а во 1997 година клубот стана апсолутен шампион на Македонија по број на освоени места на државното натпреварување во Струга.
Еден од најважните датуми во историјата на клубот забележан е 28.Ноември 2012 година , денот кога се отвори комплетно новиот сопствен простор на ул.Божидар Аџија бр. 16 во близина на Економското училиште во населбата Кисела Вода. Клубот е исклучително простран и совршено климатизиран по највисоки светски стандарди. Моментално располага со 250 м2, озвучен и осветлен простор , кој нуди идеални услови за сите ваши потреби за здраво вежбање.
Целокупната опрема за вежбање во клубот со повеќе од 70-тина работни места и тоа 16 аеробни и останатото анаеробна опрема е од врвни брендови за Боди билдинг и фитнес , односно Techno gym, Sports art, Precor и др. (погледнете опрема) . За вашето оптимално вежбање се грижи одлично организиран стручен тим кој со својот надзор , ќе ви помогне во опуштена атмосфера да постигнете врвни резултати.