MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Магнус Featured

Monday, 20 July 2020 13:39
Rate this item
(1 Vote)

magnus logo

МАГНУС претставува специјализиран фитнес центар наменет за мажи и жени  кои сакаат да се чувствуваат здраво и енергично. Нашата цел е брзото темпо на животот, стресот и депресијата да ги замениме со активност, квалитетен живот и совршена фигура.

Фитнес центарот МАГНУС е опремен со најсовремена фитнес сала со светски брендирана фитнес опрема од брендот TECHNOGYM – PURE STENGHT и SELECTION PRO LINE и најновата извадена кардио линија на брендот TECHNOGYM. Истиот е поделен на две нивоа и тоа долен дел партер - сала со мека подлога (татами) во која професионални тренери држат групи по аеробик, пилатес, кик-фит, кик бокс, самоодбрана, јога, зумба, TRX, pole fitness, аерилај јога, аеријал хук и комплетно опремена фитнес сала која е на горното ниво. Центарот располага со ергономски уредени соблекувални со засебни тоалети и туш-кабини, фенови, чисти пешкири, секогаш топла вода и гел за туширање, а се разбира и хигиената во нив е на највисоко ниво.

Во комплексот е вклучена и финска сауна која е императив за подобрување на имунолошкоиот систем и квалитетот на целокупното здравје и може да се користи одделно или во комбинација со тренинзите. Како во сите модерни светски фитнес центри и во нашиот се наоѓа солариум, кој Ви обезбедува природен бронзен тен, а со стимулација на витаминот Д се подобрува квалитетот на сонот и се подигнува нивото на имунитетот што е особено значајно во зимскиот период. Сите Ваши тренинзи се одвиваат со постојана придружба и совети од стручни лица, експерти во фитнес и останатите спортови.

Во нашиот комплекс има и катче за релаксација, каде може да се освежите, но и да добиете стручни совети за тоа како да напредувате. Во прилог на тоа е и нашата мини дрогерија со најразлични витамини, минерали, протеини и останати суплементи кои му се потребни на Вашето тело за да ја одржува  својата енергија и цврстина во секојдневната активност.

Издвоивме и посебни пакети со најразлични поволности пред се затоа што сакаме да создадеме тренд на вежбање и здрав и квалитетен начин на живот. Обезбедивме попуст за семејства од 10% и компаниски попуст за групи над 7 члена кои организирано ќе доаѓаат во нашиот фитнес центар.

Нашето мото и цел е да ги поддржиме луѓето во своите намери да бидат здрави, витки и да ја одржуваат посакуваната цврстина на телото, без разлика на годините.

Имајте совршена фигура! Ве очекуваме во МАГНУС.

Дојдете, посетете не и дознајте зошто сме најдобри и различни од сите останати!!!

Контакт телефон: 072 222 222

Работно време:

Пон - Саб: 07:00 - 22:00
Нед: не работи

e-mail:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:www.magnus.com.mk

fb Instagram

Read 1628 times Last modified on Tuesday, 31 May 2022 11:48
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org