MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Боди Билдинг и Фитнес клубот Атанасовски

Friday, 14 August 2020 13:11
Rate this item
(0 votes)

  
 
Боди билдинг и фитнес клубот Атанасовски своите почетоци ги датира од  месец септември дамнешната 1992 година,со скромен простор од едвај 50-тина м2 кога на ниво на град Скопје
 
постоеа клубови од ваков карактер кои можеа да се избројат на една рака.
 
Две години подоцна , клубот ја доживеа првата трансформација на сосема нов простор , тогаш веќе со расположливи 120 м2 во кругот на Училиштето за деца со оштетен вид , истотака во
Кисела Вода , кога всушност членовите на клубот забележаа значајни спортски резултати со освоени први места на републичко ниво, а во 1997 година клубот стана апсолутен шампион на Македонија по број на освоени места на државното натпреварување во Струга.
 
Еден од најважните датуми во историјата на клубот забележан е 28.Ноември 2012 година , денот кога се отвори комплетно новиот сопствен простор на ул.Божидар Аџија бр. 16 во близина на Економското училиште во населбата Кисела Вода. Клубот е исклучително простран и совршено климатизиран по највисоки светски стандарди. Моментално располага со 250 м2, озвучен и осветлен простор , кој  нуди идеални услови за сите ваши потреби за здраво вежбање.
 
Целокупната опрема за вежбање во клубот со повеќе од 70-тина работни места и тоа 16 аеробни и останатото анаеробна опрема  е од врвни брендови  за Боди билдинг и фитнес , односно  Techno gym, Sports art, Precor  и др. (погледнете  опрема) . За вашето оптимално вежбање се грижи одлично организиран стручен тим кој со својот надзор , ќе ви помогне во опуштена атмосфера да постигнете врвни резултати.
 
Работно време:
Пон - Саб: 10:00 - 22:00
Недела: 16:00 - 20:00
 
e-mail: 
web: www.klub-atanasovski.mk 

fb Instagram

Read 1507 times Last modified on Wednesday, 09 October 2024 06:08
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org