Настел ДОО Скопје е докажана градежна компанија на пазарот во Р. Македонија која со посветена работа во изминатите 14 години има континуиран раст. Наша примарна дејност е изградба на станбени и деловни објекти, кои се синоним за сигурна и квалитетна градба. Основач на компанијата е Euro Suisse Credit AG, акционерско друштво со седиште во Вадуц. Со реална актива од 50милиони евра, Настел е финансиски моќна компанија да ги самофинансира своите проекти.
Нашите објекти се потврда за сигурност, квалитет, брзина и професионалност за кои се залагаме. Со стекнатото искуство од над 20 изградени објекти низ Скопје, Настел континуирано го подобрува квалитетот и ги поставува трендовите во градежништвото во Македонија.
Пред сè веруваме во задоволни купувачи и инсистираме на професионално, одговорно и навремено извршување на обврските кон нашите клиенти и соработници. Наш главен приоритет е обезбедување на квалитетно еко домување, притоа ставајќи главен акцент на сигурноста, енергетската ефикасност на објектите за намалување на негативните влијанија врз животната средина и штедење енергија, и квалитетот на градежните материјали и вградената опрема.
Со континуирано следење на современите технологии и модели на градење, како и нивна примена, постојана соработка со иновативни компании во областа на градежништвото и инвестиција во најквалитетни градежни материјали со одлични термички, акуситични и хидроизолациски својства за кои секогаш обезбедуваме најдолги гаранции, Настел гради домови по врвни стандарди.
Материјалите и опремата која ја вградуваме се исклучиво од брендирани европски и светски производители за чиј квалитет гарантираат производителите и дистрибутерите на истите. За да обезбеди успешност во изработката и градењето, Настел има свој стручен и лиценциран кадар за надзор на изведбата на објектите со што се осигурува квалитетот при градењето.
Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 21:00
Недела: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.nastel.mk