MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

TM ДОО

Monday, 20 July 2020 13:01
Rate this item
(0 votes)
 
 

Компанијата ТМ Штип е основана во 2003, со позабележителен интензитет на работење од 2007, за да се појави на листата на најбрзорастечки фирми во Македонија во периодот од 2009 до 2012 год.  на 32 место , а во својата основна дејност „Електроинсталатерски работи“ на 1во место.

Во изминатите години компанијата бележи континуиран пораст на работењето во сите сегменти , и тоа: вкупен приход, број на нови вработувања и модернизирање на технологијата.

Во моментот компанијата има 38 вработени од кои електроинжинери, машински инжинерi, електромонтери, електротехничари, автомеханичари, управувач со градежни машини,машински техничари, градежни работници и општи работници

ТМ се состои од 3 главни делови;

    ТМ Оператива – Изведба , надзор и монтажа на електроенергетска опрема како: Заземјување ,улично осветлување, кабелски водови, трафостанци, отстранување на дефекти, изведба на далекуводи од 10,20,35 и 110 kV напонски нивоа, филтрирање на трансформаторско масло, компензација на реактивна енергија итн.
    ТМ Одделение контрола- располага со сопствен простор и 2 мерни коли (Saba KMT Centrix-1 2014год.). Акредитирани за: Трасирање на кабли, лоцирање место на дефект на подземни кабли, напонско испиување на кабли, термовизиско снимање, електроенергетска овесна опрема – сила на кинење, исправност на ел. инсталација, квалитет на електрична енергија,диелектрична пробојност на трансформаторско масло, системи за громобранска заштита, итн.
    ТМ Овесна и спојна опрема- Во 2014 ТМ купи дел од поранешниот југословенски бренд ЕМО Охрид, погонот за овесна и спојна опрема во Штип. Во погонот се изработува Овесна и спојна опрема за дистрибутивни мрежи до 400 kV, Опрема за столбови (конзоли и носачи на изолатори) за низок напон, Комплетен асортиман на овесна и спојна опрема за далекуводи до 400 kV, Комплетен асортиман на овесна и спојна опрема за разводни постројки до 400kV

ТМ е флексибилна компанија која ги следи барањата на клиентите, применувајќи ги најновите технолошки достгнувања, техничката регулатива и стандарди. Располага со:

Лиценца А за изведување на градби од прва категорија

Лиценца А за надзор на изградба на градби од прва категорија

Систем за управување со квалитетот според стандардот ISO 9001:2008

Систем за управување со животната средина според стандардот 14001:2004

Систем за управување со енергијата според меѓународниот стандард ISO 50001:2011

Стандард за управување со „Безбедност и Здравје“ OHSAS 18001:2007

Како понатамошни цели покрај развувањето во модернизација и обновување на возниот парк и техничките средства ќе посветиме внимание во тим за маркетинг, продажба и извоз на овесна и спојна опрема.

 
Работно време:
Пон - Пет:  07:00 - 15:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.tmstip.mk

fb Instagram

Read 1046 times Last modified on Monday, 20 July 2020 13:09
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org