Културни центри | Уметнички галерии

Почетна :: Културни центри | Уметнички галерии

Дом на Култура Кочо Рацин - Скопје

Monday, 15 June 2020 13:02
Rate this item
(1 Vote)

Установата во континуитет од 1954г. интензивно работи на промоција на сите облици на културни дејности со особена програмска цел, со едукативно културолошко делување врз сите старосни групи на населението, притоа негувајќи ги нивните вистинските културни потреби. Домот создава и промовира разнообразни културни и едукативни програми со кои се поттикнува и се пренесува знаење со креативно користење на слободното време на граѓаните, со задоволување на нивните потреби за сопствено творештво.

Нашето културно уметничко творештво успешно го презентираме во градот, Републиката и надвор од неа. Работиме и на унапредување на јавната свест за потребите на децата со специјални потреби со цел за подигање на квалитетот на нивниот живот. Нашата установа исто така е релевантна мултикултурна средина за промовирање и популаризација на културните вредности на различните етнички заедници.

Програмските активности Установата ги реализира по дејности : литературна, ликовна, едукативно- образовна, музичка и фолклор дејност. Организира фестивали: Меѓународен фолклорен фестивал „Играме и пееме заедно“ и Мултикултурен фолклорен фестивал.

Манифестации: Мултикултурна „Патуваме преку сказни“, ликовна „Жената симбол и инспирација“, „На Велигден на Благден“, „Од животот на Ромите“, „Ден на албанската азбука“ и „Денови“.

Литературната дејност реализира програма којашто има рамномерен пристап кон сите жанровски облици на македонската книжевност и на книжевностите на другите етнички заедници во Р.Македонија и на нивните актуелни достигнувања. Ќ Претставени се нови дела особено на домашни етаблирани автори, поети, раскажувачи, делата на наградувани автори. Промовираме и младите автори во подем. Посветуваме особено внимание на веќе починати наши современици. Промовираме поважни наслови на преведени дела, (особено на наградени автори на светската литература за деца).

Во едукативно-образовната дејност се остваруваат информативни, образовни, културни, економски, политички и научно истражувачки содржини од најразлични области секогаш внимавајќи и тргнувајќи од актуелните случувања во државата и во согласност со потребите што ги наметнува современото живеење.

На трибините, предавањата, и дебатите коишто се реализираат во циклуси учествуваат познати професори академици, политичари, новинари.

Ликовната дејност е со ангажирана тематика, од сферата на специфичните вредности и карактеристики на македонското поднебје, скопско и пошироко, од сферата на духовноста, од традицијата, од ризницата на световното и сахралното културно наследство, како и со актуелна проблематика од глобален карактер- зажтита на природата, афирмација на старите занаети, афирмација и претставување на други култури.

Установата е отворена и достапна за сите видови соработка, соработката со другите установи од областа на културата, организации, образовни институции, културни работници во градот, во Републиката и пошироко, соработка со културни центри од Европа, и европски културни центри во РМ . Соработка со издавачки куќи, поединци и со приватниот сектор.

Повеќето културни настани се реализираат во двата салона (мал и голем) во просторот на Домот, а дел од настаните и надвор од просторот на Установата.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00 
Саб - Нед: 08:00 - 16:00

Работно време на галериите:
Пон - Пет: 08:30 - 20:00

Работно време во текот на програмските активности:
Пон -Пет: 14:00 -22:00

e-mail:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:

fb Instagram

Read 1127 times Last modified on Tuesday, 16 June 2020 12:15
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org