Компанијата ОКТОПОД се занимава со:
ПРЕРАБОТКА НА ПЛАСТИЧНИ МАСИ
- Дихтунзи, профили и кант лајсни за дрвна индустрија
- Ребрасти црева за електро индустрија
- Полиетиленски и полипропиленски црева и цевки за водовод и канализација
- Сите видови PVC црева, армирани и неармирани
Производство на систем за наводнување капка по капка и негова професионална монтажа.
Претпријатието ОКТОПОД доо е основано 1993 година, а од 2008 година е пререгистрирано во Заштитно друштво за вработување инвалидизирани лица. Седиштето на фирмата се наоѓа во Тетово, на Ул. Железничка бр. 29, додека производниот погон е во селото Долно Седраце во близина на Тетово.
ОКТОПОД е компанија која се занимава со преработка и производство на производи од пластични маси ( ПВЦ, полиетилен и полипропилен). Фирмата на пазарот е веќе позната по производството на армирани и неармирани црева во сите димензии, П/Е цевки за водовод, ребрасти црева за електро индустријата и дихтунзи за дрвната индустрија, кои ги изработува во различни димензии и форми.
Во моментов ОКТОПОД има 10 вработени и спаѓа во групата мали претпријатија. Фирмата веќе неколку години е присутна и на странските пазари, остварувајќи активна соработка со фирми од Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Грција.
Што се однесува за македонскиот пазар, тој е целосно покриен со квалитетна мрежа од дистрибутери, преку кои ОКТОПОД, постојано инсистирајќи на највисоки норми за квалитет, ги задоволува потребите на клиентите и остварува интерактивна врска со директните потрошувачи.
Работно време:
Пон-Пет: 08:00 – 21:00
Недела: Затворено
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.