Компанијата КУТЕР се занимава со производство и продажба на сувомесни производи со врвен квалитет, произведени по традиционални рецепти:
- Колбаси
- Сланина
- Печеница
- Врат
- Долготрајни колбаси и други сувомесни производи
Компанијата КУТЕР започнува да ја врши својата дејност во далечната 1992 година. Од тогаш до денес фирмата произведува и на пазарот нуди повеќе видови сувомесни производи кои се добро прифатени од потрошувачите заради нивниот висок квалитет и одличен вкус. Купете некој од производите на КУТЕР и уверете се во врвниот квалитет и незаборавниот вкус.
Ние во КУТЕР негуваме долгогодишна традиција која трае повеќе од 30 години. Со нашето производство и продажба на сувомесни производи успеавме да израснеме во успешна компанија која својот успех го темели врз задоволството на клиентите. Она што можете да го најдете во понудата на КУТЕР се високо квалитетни димени колбаси (тенки, домашни, домашни со праз, сецкани), димен врат, димена сланина, димена печеница, димени коски, димени ребра. Во производството употребуваме само најквалитетно месо, рецептите се наследени од мојот дедо Павле и татко Киро кои беа стари мајстори за производство на сувомесни производи и се дел од традицијата и животното наследството на овие краишта. Технологијата, пак, е една од најсовремените. Ова е нашата формула на успехот и е најголема гаранција за постојаноста во квалитетот.
КУТЕР сувомесните производи првенствено ги пласираме во прилепскиот регион и околните градови. Буквално сите потрошувачи што еднаш ги имаат пробано, потоа стануваат наши редовни купувачи и често ни се случува луѓе кои не се од овој регион, а ги пробале нашите колбаси, сланина, свински врат, печеница... да ни се јавуваат и прашаат каде можат да ги купат.
Залудно е повеќе да зборуваме за посебниот вкус на сувомесните проузводите на КУТЕР. Постои само еден начин за да се уверите зошто ние сме вистинскиот избор, а тоа е да пробате барем еден наш производ. Оние кои знаат за што станува збор не препорачуваат на други, а тие потоа стануваат наши лојални клиенти.
Компанијата КУТЕР и во иднина останува доследна на определбата да произведува само висококвалитетни производина, основен принцип врз кој го темели досегашното работење. Тоа значу повеќе задоволни клиенти и освојување нови пазари преку промовирање на прекрасниот вкус на КУТЕР сувомесните производи.
Работно време:
Пон - Нед: 08:00 - 18:00
Ул. Браќа Миладиновски бр. 1/ 4,
7500 Прилеп
+389 (0)70/208 308
E-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. ![]()
Работно време:
Пон - Нед: 07:00 - 15:00
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:
![]()
Компанијата ОКТОПОД се занимава со:
ПРЕРАБОТКА НА ПЛАСТИЧНИ МАСИ
- Дихтунзи, профили и кант лајсни за дрвна индустрија
- Ребрасти црева за електро индустрија
- Полиетиленски и полипропиленски црева и цевки за водовод и канализација
- Сите видови PVC црева, армирани и неармирани
Производство на систем за наводнување капка по капка и негова професионална монтажа.
Претпријатието ОКТОПОД доо е основано 1993 година, а од 2008 година е пререгистрирано во Заштитно друштво за вработување инвалидизирани лица. Седиштето на фирмата се наоѓа во Тетово, на Ул. Железничка бр. 29, додека производниот погон е во селото Долно Седраце во близина на Тетово.
ОКТОПОД е компанија која се занимава со преработка и производство на производи од пластични маси ( ПВЦ, полиетилен и полипропилен). Фирмата на пазарот е веќе позната по производството на армирани и неармирани црева во сите димензии, П/Е цевки за водовод, ребрасти црева за електро индустријата и дихтунзи за дрвната индустрија, кои ги изработува во различни димензии и форми.
Во моментов ОКТОПОД има 10 вработени и спаѓа во групата мали претпријатија. Фирмата веќе неколку години е присутна и на странските пазари, остварувајќи активна соработка со фирми од Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Грција.
Што се однесува за македонскиот пазар, тој е целосно покриен со квалитетна мрежа од дистрибутери, преку кои ОКТОПОД, постојано инсистирајќи на највисоки норми за квалитет, ги задоволува потребите на клиентите и остварува интерактивна врска со директните потрошувачи.
Работно време:
Пон-Пет: 08:00 – 21:00
Недела: Затворено
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Основното општинско училиште „Гоце Делчев” – Прилеп се наоѓа во реонот на урбаната заедница „Гоце Делчев” – Прилеп, ул „Мечкин Камен” бр.2 . Просториите и техничките услови ги задоволуваат нормите и потребите за непречено изведување на наставата и другите барања во воспитно- образовниот процес.
Во составот на училиштето работи и подрачна паралелка во с.Големо Радобил. Наставата се изведува во две згради во матичното училиште и една во подрачното. Просториите и просторните услови ги задоволуваат нормите и потребите за непречено изведување на наставата и другите барања за воспитно- образовниот процес.
Училиштето е опремено со потребниот мебел и инвентар кој е адекватен на неговата намена. Училниците, исто така, се збогатуваат со потребен инвентар и нагледност за изведување на активна настава и истите тековно се одржуваат. Исто така располага со наставни средства и технички помагала чиј број континуирано се збогатува. Училиштето ги следи потребите на учениците и преку примена на современи наставни стратегии ги унапредува учењето и поучувањето на учениците од различните развојни периоди.
Работно време:
Пон-Пет: 08:00 – 19:00
Сабота-Недела: Затворено
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Јавната општинска установа (ЈОУ) Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, со своето организирано, високостручно и професионално работење, претставува жариште на културата во нашата Општина, но и пошироко.
Денес, во современи услови на библиотечно работење, Библиотеката се стреми да прерасне во културно – информациски центар и со тоа во целост да одговори на потребите и барањата на корисниците.

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 20:00
Саб - Нед: 08:00 - 16:00
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.biblioprilep.org.mk