MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ООМУ Стефан Гајдов ВЕЛЕС

Wednesday, 15 March 2023 06:31
Rate this item
(1 Vote)

 

Во 1945 година по ослободувањето и признавањето на македонската државност за првпат во историјата на македонскиот народ слободно се зборува и пее на македонски јазик. Во тоа време покрај друштва и хорови, негувањето на фолклорот, велешката чалгија зазема доминантно место. Сите овие активности се основни елементи кои придонесуваат во раѓањето на мислата да се формира прво основно музичко училиште во Република Македонија. Така на 21 ноември 1946 година е донесен документ да се формира нижа музичка школа, прво отворено училиште од ваков вид во Македонија. „Стефан Гајдов“ како музичко училиште работи од ноември 1945 година, под името „Киро Димов“, за официјално да биде верифицирано во 1946 година. Зградата која училиштето ја користи е изградена во 1936 година, за подоцна да биде преадаптирана во музичко училиште. На 19 мај 2010 година, на седница на Советот на општина Велес, советниците со мнозинство гласови донеле одлука музичкото училиште наместо Киро Димов, да се именува во Стефан Гајдов.

Организацијата на работата на училиштето

Во училишната зграда се изведува настава во 11 кабинети. Денес тоа е редовно училиште во кое се образуваат ученици од прво до деветто одделение на ниво на општината и пошироко. Училиштето работи според наставни програми за музички училишта, а воспитно-образовната работа се одвива во поединечна и групна настава. Наставниот кадар е составен од 10 наставници

Редовна наставаРеализацијата и организацијата на работата на училиштето се остварува преку програмски содржини предвидени во годишната програма за работа на училиштето. Во училиштето наставата се изведува групно и поединечно.

Групна настава:

Се изведува по предметите солфеж со елементарна теорија, солфеж, теорија на музика, хорско пеење и камерна музика.

Поединечна настава:

Се изведува по предметите пијано, класична гитара, виолина, кларинет, флејта, виолончело.

Изборна настава:Во деветгодишното, шестгодишното и тригодишното основно музичко образование, учениците според наставните планови имаат изборни предмети – хорско пеење и камерни состави.

Целта на наставата по предметите хорско пеење и камерни состави е на учеиниците да им се развие љубовта кон гласот, хорското пеење односно да се оспособат за заедничко музицирање во помал камерен состав (дуо,трио, квартет, квинтет) или во поголем состав (секстет, септет, октет). Наставата се изведува групно од најмалку двајца

ПОН-ПЕТ:    07:30 - 18:00 ч

САБ-НЕД: Не работиме

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

Read 595 times Last modified on Wednesday, 15 March 2023 06:44
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org