MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Доброто образование е основа за подобра иднина па затоа многу е важен изборот на центар кој нуди квалитетна настава приспособена според потребите на учениците.

Центарот за странски јазици „Англиски Клуб“ нуди квалитетна настава со искусен, стручен и посветен наставен кадар кој неизмерно се грижи за успехот на учениците.

Од 2015 година до денес брои многу успешни години исполнети со многу задоволни клиенти.

Центарот за странски јазици „Англиски Клуб“ нуди курсеви по англиски јазик за претшколска и школска возраст, курсеви за средношколци и курсеви за возрасни.

 

Работно време:

Пон - Саб: 08:00-22:00

Нед: Затворено

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

fb Instagram

 

 

 

 

 

Основното општинско училиште “Јашар Беј Шкупи” – Скопје делува во централното градско подрачје, како самостојно училиште. Лоцирано е во месноста Дуќанџик и во него се воспитуваат и образуваат ученици на три наставни јазици: Албански, Македонски и Турски.Во учебната 2018/19 година во училиштето се запишаа 459 ученици распределени во 36 паралеки. За паралелките со помал број на ученици е побарана согласност од Министерството за образование и наука.Наставата се изведува на македонски ,албански и турски јазик а од странските јазици се изучуваат Англиски јазик,како прв странски јазик, од 1до 9 одделение и францускиот јазик,како втор странски јазик од 6-9 одделение.Оваа учебна година работaт вкупно 36  паралелки,и тоа: 18 на настава на албански јазик,9 на настава на  македонски јазик и 9 во настава на турски јазик.
 

Работно време:

 Понеделник- Петок:  08:00 - 21:00

Сабота-Недела: Не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

fb Instagram

 

Во 1945 година по ослободувањето и признавањето на македонската државност за првпат во историјата на македонскиот народ слободно се зборува и пее на македонски јазик. Во тоа време покрај друштва и хорови, негувањето на фолклорот, велешката чалгија зазема доминантно место. Сите овие активности се основни елементи кои придонесуваат во раѓањето на мислата да се формира прво основно музичко училиште во Република Македонија. Така на 21 ноември 1946 година е донесен документ да се формира нижа музичка школа, прво отворено училиште од ваков вид во Македонија. „Стефан Гајдов“ како музичко училиште работи од ноември 1945 година, под името „Киро Димов“, за официјално да биде верифицирано во 1946 година. Зградата која училиштето ја користи е изградена во 1936 година, за подоцна да биде преадаптирана во музичко училиште. На 19 мај 2010 година, на седница на Советот на општина Велес, советниците со мнозинство гласови донеле одлука музичкото училиште наместо Киро Димов, да се именува во Стефан Гајдов.

Организацијата на работата на училиштето

Во училишната зграда се изведува настава во 11 кабинети. Денес тоа е редовно училиште во кое се образуваат ученици од прво до деветто одделение на ниво на општината и пошироко. Училиштето работи според наставни програми за музички училишта, а воспитно-образовната работа се одвива во поединечна и групна настава. Наставниот кадар е составен од 10 наставници

Редовна наставаРеализацијата и организацијата на работата на училиштето се остварува преку програмски содржини предвидени во годишната програма за работа на училиштето. Во училиштето наставата се изведува групно и поединечно.

Групна настава:

Се изведува по предметите солфеж со елементарна теорија, солфеж, теорија на музика, хорско пеење и камерна музика.

Поединечна настава:

Се изведува по предметите пијано, класична гитара, виолина, кларинет, флејта, виолончело.

Изборна настава:Во деветгодишното, шестгодишното и тригодишното основно музичко образование, учениците според наставните планови имаат изборни предмети – хорско пеење и камерни состави.

Целта на наставата по предметите хорско пеење и камерни состави е на учеиниците да им се развие љубовта кон гласот, хорското пеење односно да се оспособат за заедничко музицирање во помал камерен состав (дуо,трио, квартет, квинтет) или во поголем состав (секстет, септет, октет). Наставата се изведува групно од најмалку двајца

ПОН-ПЕТ:    07:30 - 18:00 ч

САБ-НЕД: Не работиме

e-mail:  This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

Оновно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Вевчани; скратено: ООУ „Страшо Пинџур“) — централно основно училиште во селото Вевчани. Училиштето се наоѓа надвор од селото, на патот кон соседното село Октиси.Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.

Официјално, првото основно училиште во селото Вевчани било отворено во 1835 година.[2]

 

Вевчанци во 1834 година се избориле за дозвола од турските власти за изградбата на црква и отворање црковно училиште. Работело во ајатите на Долнацрква. Првите учители требало децата да ги учат на грчки јазик, но ја користеле само грчката азбука, а со децата работеле на македонски народен јазик. Биле плаќани во натура од самото население, најчесто со жито.

 

Во 1868 година била изградена училишна зграда во дворот на Горна црква, која се состоела од две поголеми училници и една канцеларија.

Наставниот јазик во училиштето се менувал многупати, па така се предавало на грчки, на бугарски, на српски, и на крај на македонски наставен јазик.

Во периодот 1890-1899 година, во Вевчани работело женското училиште „Надежда“.

Во 1931 година била изградена нова училишна зграда, во која денес се наоѓа Здравствениот дом. Истата за време на Втората светска војна била опустошена и онеспособена да ја обавува својата функција.

Од октомври 1944 година наставата се изведува на македонски јазик.

Во февруари 1945 година го добива името на народниот херој, Страшо Пинџур.

Во периодот 1947-1948 година, вевчанци со свои средства и доброволна работна рака повторно изградиле училишна зграда за своите деца.

Во учебната 2013/14 година било пуштено во употреба новото училиште, сместено на патот кон соседното село Октиси, која конечно ја заменило старата и дотраена повоена градба изградена од вевчанци.[3]

 

Основното училиште ги има освоено следниве награди:

 

во учебната година 1957/58 како едно од петте експериментални училишта во Македонија за реформирана настава ја добило првата републичка награда;

во учебната година 1985/86 ја добило општинската Осмоноемвриска награда; и

 

во учебната година 1992/93 било прогласено за најдобро основно училиште во Македонија, од страна на Синдикатот на просветните работници, а по предлог на Педагошкиот завод на Македонија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Раб
отно време:
Пон - Пeт: 
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: 

fb Instagram

 

 

Изградбата на училишната зграда на О.У.”Страшо Пинџур” – Неготино, отпочнала во почетокот на 1933год. а била завршена до средината на 1937 год. Зградата била направена со доброволен прилог на парични средства.Во почетокот на 1937/38 учебна година училиштето за прв пат отпочнало со работа, но без име. Во 1941 год. училиштето добило име “Александар Станоев”. Овој некогашен учител е роден во Неготино, каде и малку време учителствувал. По ослободувањето на Македонија во учебната 1945/46 год. името на училиштето се променува од “Александар Станоев” на “Страшо Пинџур”, кој бил најистакнат револуционер и комунист во Тиквешијата, па и во нашата република.Во учебната 1946/47 год. по желба на граѓанството во денешната зграда се отворила гимназија со IV и V клас. Во истите простории на зградата наставата се одвивала во две смени: Прва од I – VII одд. (тогаш трети клас), а другата смена учениците од IV и V клас.За прв раководител на гимназијата бил назначен Круме Кепески – професор, а за раководител на седумгодишното училиште учителот Иван Иванов. Само една учебна година покасно (1948 год.) двете училишта се фузираат како неполна гимназија со заедничко име “Страшо Пинџур”.Училиштето за тоа време развивало голема активност на културно-просветно поле.Поради порастот на бројот на учениците и паралелките во учебната 1985/86 год.започна со работа новодоградениот дел на училиштето со 9 училници, кујна и трпезарија.Под О.У.”Страшо Пинџур” се и 4 подрачни училишта од I – IV одд. во с.Криволак, с.Пепелиште, с.Војшанци и с. Црвени брегови, од каде учениците го продолжуваат основното школување од V – VIII одд. во централното училиште.Училиштето располага со 20 училници, кабинет по техничко образование, информатика, медијатека и библиотека. Во училиштето работи и училишна кујна која опслужува околу 600 ученици.На ниво на училиште во просек се школуваат 1000 ученици распоредени во 41 паралелка и 4 забавишни групи.Во состав на училиштето работи и една паралелка од I – VIII  одд. за деца со посебни потреби. Од пред три години отворена е и паралелка за Дневен престој на ученици од I – IV одд. и истата брои околу 25 ученика.Воспитно – образовната дејност ја реализираат околу 60 наставници кои со својата стручност и професионалност ги подучуваат учениците, ги откриваат нивните способности и им даваат знаење преку редовната настава и воннаставните активности.Современите текови и промени во сите свери на живеење предизвикаа промени и во образованието, традиционалната настава и отстапи место на современата. Наставникот од авторитарен тип на раководител се трансформира во демократски тип, планер и активен истражувач. Додека пак ученикот од пасивен слушател се промени во активен учесник во релизацијата на наставата.Во учебната 1996/97 год. во училиштето почна да се реализира проектот “Чекор по чекор” на институтот отворено општество на Македонија кој е финансиран од фондацијата “Сорос” и работи по програмата на меѓународниот центар за поддршка и образование на децата со седиште во Вашингтон. На почетокот во реализација на проектот беа вклучени две забавишни групи и една паралелка во I одд. Со прифаќањето на оваа програма нашето училиште направи голем чекор напред во осовременувањето на наставно – воспитниот процес. Потоа секоја учебна година сукцесивно се вклучуваа во проектот, а минатата учебна година учениците што го завршија основното образование беа првата генерација ученици што работе по современа методологија која во центарот на училиницата го има ученикот.Продукт од проектот “Чекор по чекор” е програмата “Креативна настава и учење” која веќе три години успешно се реализира во училиштето. За таа цел наставниците посетија неколку семинари и се едуцираа за примена на креативни техники во наставата со цел учениците со повисока мотивација да стекнат квалитетни и трајни знаења.Во училиштето успешно се реализира и проектот “Граѓанско образование” каде што учениците преку концептите одговорност, авторитет, приватност и правда учат за граѓанското општество и ја осознаваат неговата организација.Од октомври 2001 год. училиштето влезе во проектот РУС (родителско училиште соработка) на хуманитарната организација ЦРС (Католичка служба за помош). За потребите на проектот членови од Советот на родители и стручната служба беа опфатени со едукативни семинари на кои се стекнуваа со знаења и умеења за подобрување на условите за работа во училиштето.На 21.03.2002 год. ЦРС одреди гранд од 11000 долари за сменување на вратите, прозорците и пластичниот под на 6 училници во стариот дел на училишната зграда.Во учебната година 2002/03год. училиштето повторно аплицираше до невладини организации за доделување грантови при што беше одобрен проектот за реконструкција на старата училишна зграда од невладината организација УСАИД “Луис Бергер” во висина од 61000американски долари. Реконструкцијата опфати сменување на прозорците, вратите, дрвениот под, скалите, стреите, фасадата, на две училници од новиот дел сменување на пластичен под. Демонтажата исто така беше извршена од родителите и наставниците. Реконструкцијата започна на 07.10.2002 г. а заврши на 27.11.2002 г. кога реконструираната училишна зграда беше свечено предадена на употреба.Поради непречено изведување на наставата учениците учеа во две и три смени.Во училиштето се створија услови за работа за следните 30 години.Оваа година директорот и лидерскиот тим на училиштето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

Работно време:

Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Недела: не работиме

e-mail: 
web:

fb Instagram

 

 

 

Welcome in expecting little to find that you have gained a lot! With Teacherbesides knowledge, you gain experience as well. With us learning is a fun that spiritually enriches you with every hour passed.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 17:00

e-mail: 
web:

fb Instagram

 

 

Основно училиште

Работно време:
Пон - Пет: 07:00-19:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail:

web:

fb Instagram

 

 

Пон - Пeт: 08:00 - 16:00

Саб - Нед: не работиме

e-mail: 
web:

fb Instagram

 

 

logo

Добредојдовте на Helen Doron English
Helen Doron English е глобална институција со повеќе од 30 години успех во предавање англискиот јазик на деца од сите возрасти. Денес, преку 1.5 милиони ученици зборуваат англиски јазик благодарение на Helen Doron English.

Зошто Helen Doron English? Бидејќи методот на нашите курсеви е развиен од искусни експерти за изучување на англиски јазик и предаван од нашите специјално обучени учители.

Децата го сакаат учењето во Хелен Дорон англиски

Работно време:

Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.helendoron.mk

fb  Instagram

Page 1 of 2
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org