Компанијата е основана 29 Мај 2002 година во Штип.
Транспортот воглавно се одвива кон европските земји односно најголем дел кон Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, Германија ...
Исто така компанијата врши транспорт од истите релации назад кон Република Македонија или пак помеѓу самите држави.
Балекс Доо располага со 30 влекачи со полуприколки кои се на располагање во секое време да одговорат на потребите на клиентите.
Во склоп на компанијата работи и сервис, перална и вулканизер за тешки товарни возила како и лабараторија за калибрирање и поправка на аналогни и дигитални тахографски уреди.
Балекс Доо има и своја шпедиција како и склад за привремено чување на царински добра.
Во склоп на Балекс Доо работи и “Балекс Агенција за обезбедување“ која врши давање на услуги за обезбедување на имот и лица.
Во Балекс Доо работат повеќе од 60 вработени од разни профили распределени во разни одели: професионални возачи, сервисери, администарција и финансии, шпедиција, лиценцирани лица за обезбедување ....
Со почит,
Управител:
Велинов Ангелче