Здружение на возачи ЕУРОТЕСТ Битола е прва станица за технички преглед и регистрација на моторни возила во општина Битола. Станицата ги исполнува сите национални и меѓународни стандарди за вршење на дејноста: контрола, технички преглед и регистрација на моторни возила. Покрај овие услуги, станицата нуди и голем број на други услуги, редовни при регистрација на вашето возило, а истовремено вклучувајќи и дополнителни услуги за кои можете повеќе да се информирате на оваа страница.
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД
Технички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на техничката исправност на возилото со цел за безбедно вклучување на истото во јавниот сообраќај. Можат да се регистрираат само оние моторни возила, возила на моторен погон и приклучни возила за кои на задолжителниот технички преглед ќе се утврди дека се исправни. Не го оставајте вашата безбедност на случајот оставете за неа да се грижат експертите Здружение на возачи ЕУRОТЕСТ Битола.
Редовен и вонреден технички преглед на Вашето возило можете да направите во нашите две станици за технички преглет со локација: Ул. Македонска Фаланга бр.32 | ул. Партизанска бр. 101 во Битола
Во станиците за технички преглед покрај проверката на вашето возило можете да ги добиете и следните услуги:
- Преглед за исполнување на техничко експлоатациони услови
- Полномошно за управување на туѓо моторно возило во странство
- Меѓународна возачка дозвола
- Полиса за осигурување од автоодговорност
- Регистрација на возилото на шалтерот на Министерството за внатрешни работи
- Надополнување на клима уред во мороеното возило
ЕДИНЕЧНО ОДОБРУВАЊЕ
Постапката Единечно одобрување („хомологација“) се спроведувa во следните случаи:
АТЕСТИ НА ВОЗИЛА
Здружение на возачи ЕУРОТЕСТ Битола нуди одобрување на возила со дополнително вграден уреди како што се:
Главен стремеж на Здружение на возачи ЕУРОТЕСТ е да изгради пријателска атмосфера и блиска соработка со секој од нашите клиенти. Се надеваме дека ќе бидете комплетно задоволни од понудената услуга, и за било каква помош повторно ќе се обратите на нашиот тим.
Компанијата ИГО-ИМПЕКС се занимава со:
Царинско посредување и застапување
Јавни царински складишта за возила и механизација
Превоз на стоки во земјата и странство
Иницијативниот мотив на шпедиција
ИГО-ИМПЕКС може да се согледа во мотото: СО НАС НЕ ПОСТОЈАТ ГРАНИЦИ!
Со долгогодишната работа и знаењето стекнато во доменот на шпедицијата и царинењето, успеавме да создадеме квалитетен тим кој Ви го олеснува целокупниот процес при увозот и извозот на стоки и тоа максимално ефикасно и едноставно.
ИГО-ИМПЕКС веќе е препознатлово име на македонскиот пазар длабоко имплементирано меѓу македонските извозници и увозници. Нашата визија е да бидеме лидери во давањето квалитетни услуги во доменот на шпедицијата, транспортот и царинското складирање на стоки. Овие цели ги реализираме со постојано подобрување на квалитетот на нашите услуги и едуцирање на тимот, со единствена цел да придонесеме кон перманентно подобрување на работењето на нашите клиенти, грижејќи се за нивните потреби како доверлив партнер.
ИГО-ИМПЕКС ги изведува сите видови царинско работење при увоз и извоз на стоки, како и посредување пред државните и инспекциските органи. Ги организираме сите видови патен, железнички, авио и бродски транспорт на стоки за сите светски дестинации, како и транспорт на сите видови стоки во Македонија.
ИГО-ИМПЕКС има сопствено јавно царинско складиште за возила и механизација.