MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Еуротест

Wednesday, 19 August 2020 13:35
Rate this item
(2 votes)

Здружение на возачи ЕУРОТЕСТ Битола е прва станица за технички преглед и регистрација на моторни возила во општина Битола. Станицата ги исполнува сите национални и меѓународни стандарди за вршење на дејноста: контрола, технички преглед и регистрација на моторни возила. Покрај овие услуги, станицата нуди и голем број на други услуги, редовни при регистрација на вашето возило, а истовремено вклучувајќи и дополнителни услуги за кои можете повеќе да се информирате на оваа страница.

ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Технички преглед на возилото претставува задолжителна проверка на техничката исправност на возилото со цел за безбедно вклучување на истото во јавниот сообраќај. Можат да се регистрираат само оние моторни возила, возила на моторен погон и приклучни возила за кои на задолжителниот технички преглед ќе се утврди дека се исправни. Не го оставајте вашата безбедност на случајот  оставете за неа да се грижат експертите Здружение на возачи ЕУRОТЕСТ Битола.

Редовен и вонреден технички преглед на Вашето возило можете да направите во нашите две станици за технички преглет со локација: Ул. Македонска Фаланга бр.32 | ул. Партизанска бр. 101 во Битола                         

Во станиците за технички преглед покрај проверката на вашето возило можете да ги добиете и следните услуги:
- Преглед за исполнување на техничко експлоатациони услови
- Полномошно за управување на туѓо моторно возило во странство
- Меѓународна возачка дозвола
- Полиса за осигурување од автоодговорност
- Регистрација на возилото на шалтерот на Министерството за внатрешни работи
- Надополнување на клима уред во мороеното возило


ЕДИНЕЧНО
 ОДОБРУВАЊЕ
Постапката Единечно одобрување („хомологација“) се спроведувa во следните случаи:

  • При увоз на возила (нови и половни);
  • Возила преправени пред прва регистрација во Р. Македонија


АТЕСТИ
 НА ВОЗИЛА

Здружение на возачи ЕУРОТЕСТ Битола нуди одобрување на возила со дополнително вграден уреди како што се:

  • уред за погон на возилото на компримиран или течен нафтен гас (LPG)
  • заштитни фолии и затемнети стакла
  • дополнителни команди за управување од лица со посебни потреби
  • паралелни команди за возила за обука на возачи.
  • уред за спојување на влечно со приклучно возило (приклучен уред)
  • дигалка, платформа за натоварување и растоварување, влечно витло и слично.
  • промена на погонскиот мотор
  • поставен разладен уред
  • евидентирање на промена - што не значи преправка и поправка на возилото

Главен стремеж на Здружение на возачи ЕУРОТЕСТ е да изгради пријателска атмосфера и блиска соработка со секој од нашите клиенти. Се надеваме дека ќе бидете комплетно задоволни од понудената услуга, и за било каква помош повторно ќе се обратите на нашиот тим.

 
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 15:00
Саб: 08:00 - 13:00
Нед: не работиме
 
e-mail : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

Read 1110 times Last modified on Tuesday, 25 August 2020 11:59

Image Gallery

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org