Музеи | Театри

Почетна :: Музеи | Театри

Национална Установа Музеј – Гевгелија

Wednesday, 03 June 2020 13:03
Rate this item
(1 Vote)

Национална Установа Музеј – Гевгелија претставува музејска институција  од областа на културата која се занимава со истражување, ископување, собирање, документирање, обработка, конзервација, публикување и презентација на движното културно наследство. Институцијата по својата поставеност и организациона структура претставува општ музеј кој поседува четири збирки, и тоа, археолошка збирка со околу 5500 предмети, етнолошка збирка со 600 предмети, историска збирка со околу 200 предмети и збирка од историја на уметност со 20 предмети.
Во музејскиот изложбен салон е сместена постојаната археолошка  поставка со наслов ,,Вардарски Рид со околните наоѓалишта,, во која се претставени над 350 предмети од горенаведените локалитети застапени со следниве видови на наоди: садова керамика, накит, камена и теракотна пластика како и калапи за нивно производство, луксузна керамика, керамичка када, амбалажни садови и голем фонд на монети од сите кралеви на античка Македонија. Сите овие неповторливи сведоци на минатото се настанати во период од 4500 пред Христа (неолит) до послените децении на IV век по Христа (доцна антика) пронајдени во општините Гевгелија, Богданци и Дојран.

Оваа поставка претставува придонес кон вреднувањето, значењето и посебноста на Вардарски Рид, како во културниот развиток на протоисториските заедници, така и во раната антика со востанувањето на првата урабанизација и градски живот, со сите карактеристики на населбинско живеење во еден историски посведочен старомакедонски градски центар - антички град Гортинија, во непосредна близина на Гевгелија, изразувајќи го уметнички дострел на општественото, културното и религиозното живеење на Вардарски Рид.
Добиените резултати од истражувањата, музејот ги обработува во разни форми на извештаи и сепарати, ги презентира и објавува во стручни изданија, на симпозиуми, научни собири и јавни гласила. Од публикации и изданија предвидени за продажба располага со:
-    Уметноста на Вардарски Рид (каталог), Е.Сламков, НУМГ 2004
-    Водич низ постојаната археолошка поставка,
Б.Хусеновски, Е.Сламков, НУМГ 2005
-     Античките монети од Вардарски Рид, Б.Хусеновски, НУМГ 2004
-     Античките монети од В.Р (каталог), Б.Хусеновски, НУМГ 2007

Вредност на публикации: од 150 – 600 денари.

Исто така, во рамки на музејот се наоѓа  работилница за изработка на комерцијални копии на музејски предмети, нивно сертифицирање и продажба. Достапни се комерцијални копии во вредност од 150 – 2400 денари во зависност од материјалот и начинот на изработка. Истите се сместени во посебна изложбена витрина. Исто така, Музејот има и две подружници за продажба на музејски копии и сувенири сметени на граничниот премин Богородица и во Стар Дојран.

Манифестации:
- Меѓународен ден на музеите
  18 мај, влез слободен
- Европски денови на културно наследство  
   период: од 25 Септември до 05 Октомври (променлив датум)
   влез слободен

Критериуми за посета на Музејот во Гевгелија:
-    секој работен ден од 09 – 15 часот
-    слободен четврток, влез слободен
-    средношколска среда, влез слободен
-    обезбеден водич – едукатор
-    група од 20 – 25  луѓе
-    влезница – 60 ден
-    групна влезница – 30 ден
-    забрането е фотографирање и снимање

За подетални информации Ви стоиме на располагање.

Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 15:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: 
web

fb Instagram

Read 2320 times Last modified on Friday, 12 June 2020 13:33

Image Gallery

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org