Винарии

Почетна :: Винарии | Lounge Бар

Винарија Ги Ем Ен

Thursday, 30 April 2020 13:35
Rate this item
(0 votes)

 

 

 

Ѓорѓи Наумчев потекнува од фамилија на винари и своето прво вино го има направено на 16 години. По неколку години поминати аматерски правејќи вино кое од година во година станувало се’ подобро, се одлучил малку попрофесионално да се занимава со винарство. Во подрумот на својот дом во Кавадарци изградил винарија со капацитет од 20.000 литри, која ја регистрирал во 2004-та година. На винаријата ù го дава истото името ГИ ЕМ ЕН. Винаријата поседува 1 хектар сопствено лозје, а останатото грозје го купува на пазарот.

Првото официјално вино од винаријата ГИ ЕМ ЕН е произведено во 2006. Сегашното производство на винаријата е 15.000 литри, подеднакво распределени помеѓу Темјаника, Траминец, Ризлинг, Кабeрне совињон, Мерло и Вранец. Ѓорѓи верува дека Темјаниката е неговото најдобро вино, и верувајте дека ова е точно. Следното вино кое ќе излезе од оваа винарија е Станушина. Вината на Ѓорѓи може да се купат во винаријата и во неколку продавници и ресторани во Кавадарци.

Бели: Темјаника, Ризлинг, Траминец
Црвени: Каберне совињон, Мерло, Вранец

Работно време:
Пон - Нед: 08:00 - 24:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:  

fb Instagram

Read 1212 times Last modified on Tuesday, 05 May 2020 10:50
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org