Правни застапници

Почетна :: Адвокати | Нотари | Извршители

Нотар Ермира Мехмети

Wednesday, 14 April 2021 13:26
Rate this item
(0 votes)

Нотарската канцеларија на Нотар Ермира Мехмети започна со работа на 16.01.2017 година.  Канцеларијата се наоѓа на подрачјето на Општина Бутел во Скопје, во близина на Државното Средно Економско Училиште „Арсение Јовков„ и е сместена во нови и современо уредени простории, во деловен простор дел од станбена куќа, објект кој се наоѓа на главна улица, со сопствен паркинг простор.  

Работното време на канцеларијата е од 09:00 до 17:00 часот, секој ден од понеделник до петок.
Нотарската канцеларија започна со работа со двајца вработени дипломирани правници, еден дипломиран правник со положен нотарски испит, сите со работно искуство од областа на нотарската служба, како и еден волонтер дипломиран правник.  .
Нашиот тим е подготвен со знаење, искуство и стручност да ги извршува работните задачи од областа на нотаријатот.  Одговорно и стручно се поставуваме кон работата, а успешно и трпеливо се соочуваме и со голем обем на работа, работа под стрес и притисок на време, а во зависност од потребите и законските можности, и работа после работното време.  Прецизноста во работењето е една од главните карактеристики на канцеларијата на Нотар Ермира Мехмети.


Целта на нашата нотарска канцеларија е почитување на Законот за нотаријат и работење во согласност со законот и позитивните законски прописи. Отворени сме за соработка со нашите колеги, спремни за учество и давање на  активен придонес  на семинари и советувања организирани во рамките на Нотарската Комора и други правни здруженија.

Наша најголема цел е да имаме задоволни странки кои ќе имаат професионално, навремено и ефикасно завршени услуги од страна на нашата канцеларија во однос на заверки, потврдување на договори, оставински постапки, нотарски акти и сите останати правни дејствија предвидени во Законот за Нотаријат.

Работно време:
Пон - Пет: 08:30 - 16:30
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

Read 40 times Last modified on Wednesday, 14 April 2021 13:30
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org