Ресторани

Почетна :: Ресторани

ГОСТИЛНИЦА ИДАДИЈА М

Wednesday, 04 October 2023 12:18
Rate this item
(0 votes)

  За старата градска кафеана “Идадија М”, сместена во срцето на Дебар Маало се врзува дел од традицијата и историјата на Скопје. Таа веќе девет децении е место каде што се собираат луѓе од најразлични провиниенции – познати градски “фаци”, боеми, доктори, писатели, уметници, актери, офицери, но и занаетчии, трговци, спортисти…

А приказната за “Идадија” започнува во дваесеттите години на минатиот век. Кога печалбарот Ефтим Цветановски, родум од гостиварското село Куново, се вратил од Букурешт, Романија, решил да си го собере семејството на едно место. Во пролетта 1928 година во скопското Дебар Маало изградил куќа, а на приземјето ја отворил тогашната крчма над чија порта го ставил натписот-“Идадија”. Името е турцизам и значи гимназија, кафеаната го добила името по турската подофицерска школа, а потоа и старата Учителска школа која се наоѓала од нејзината спротивна страна.

На почетокот “Идадија” била маалска кафеана, но набргу таа прераснала во едно од најпознатите градски собиралишта.

 
 
Работно време:
Пон - Пет: 09:00 до 22:00
Сабота-Недела: 09:00 до 00:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

fb Instagram

 

 

Read 884 times Last modified on Thursday, 05 October 2023 06:17
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org