Општина Василево, е една од најживописните општини во Република Македонија, мала но со огромни можности за развој.
Распослана е во северозападниот дел на Струмичката котлина, помеѓу општините Босилово, Струмица, Берово, Радовиш и Конче, со интересна релјефна структура: плоден низински дел и ридско планински кој го сочинуваат разграноците на планинините Огражден, Готен, Еленица, Плавуш и Смрдеш.
Автопатот А4 е артеријата преку која пулсира патната комуникација на југ кон соседна Бугарија, и на север преку Радовиш и Штип кон Скопје.
На надморска висина, од 228 м. во рамничарскиот дел, па се до 660 м. во ридско планинскиот, вгнездени се вкупно 18 села (Ангелци, Василево, Висока Маала, Владевци, Градашорци, Добрашинци, Дукатино, Едрениково, Нова Маала, Пиперево, Радичево, Седларци, Сушево Чанаклија и четирите веќе раселени: Кушкулија, Нивичино, Варварица и Требичино) со вкупно 11 373 жители. Заедничко за сите овие вредни луѓе е нивното гостопримството и љубезност со кое ќе го почестат секој намерен или случаен посетител.
Вкупната аграрната површина е 16 091 ха. од кои 7 516 се шуми, 6 773 ха обработливо земјиште и 1 802 ха пасишта. Ваквата структура на земјиштето, е одличен предуслови за развој како на земјоделството и сточарството така и за стопанисувањето со шумите.
Урбанизирањето на просторот и формирањето на зони за развој на малото стопанство, како и стварњето услови за напредно земјоделие во чиста и здрава животна средина се императив за локалната самоуправа.
Посебно богатство е вештачката водена акумулација Турија, една од најголемите во Македонија, која акумулира 55 000 000 м3 вода, од која со вода за пиење се снабдуваат Струмица и дел од населените места во општина Василево.
Местополжбата и природните карактеристики на овој простор се потенцијал за развој на туризмот.
Уште еден фактор кој оди во прилог на ова е историското минато. Американската мисионерка мис Елен Стон, во 1902 год. во периодот на нејзиното заточеништво престојувала во една колиба во село Нивичино, кое се ноѓа на околу 11 км. северно од брана Турија. Патот до местото на нејзиното ослободување, во с. Ангелци, води токму покрај браната Турија.
Како добри домаќини, Ве каниме на традиционалната манифестација Ден на празот во с. Градашорци, која се одржува секоја година во првата недела од месец ноември, каде ќе можете одблизу да ја запознаете нашата општина Василево.
Работно време:
Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.