MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Општина Василево, е една од најживописните општини во Република Македонија, мала но со огромни можности за развој.
 
Распослана е во северозападниот дел на Струмичката котлина, помеѓу општините Босилово, Струмица, Берово, Радовиш и Конче, со интересна релјефна структура: плоден низински дел и ридско планински кој го сочинуваат разграноците на планинините Огражден, Готен, Еленица, Плавуш и Смрдеш.  
 
Автопатот А4 е артеријата преку која пулсира  патната  комуникација на југ кон соседна Бугарија, и на север  преку Радовиш и Штип кон Скопје. 
 
На надморска висина, од 228 м. во рамничарскиот дел, па се до  660 м. во ридско планинскиот, вгнездени се вкупно 18 села (Ангелци, Василево, Висока Маала, Владевци, Градашорци, Добрашинци, Дукатино, Едрениково, Нова Маала, Пиперево, Радичево, Седларци, Сушево Чанаклија и четирите веќе раселени: Кушкулија, Нивичино, Варварица и Требичино) со  вкупно 11 373 жители. Заедничко за сите овие вредни луѓе е нивното гостопримството и љубезност  со кое ќе го почестат секој намерен или случаен посетител.
 
Вкупната аграрната површина е 16 091 ха. од кои 7 516 се шуми, 6 773 ха обработливо земјиште и 1 802 ха пасишта. Ваквата  структура на земјиштето, е одличен предуслови за развој  како на земјоделството и сточарството така и за стопанисувањето  со шумите. 
 
Урбанизирањето на просторот и формирањето на зони за развој на малото стопанство, како и стварњето услови за напредно земјоделие во чиста и здрава животна средина се императив за локалната самоуправа.
 
Посебно богатство е вештачката водена акумулација Турија, една од најголемите во Македонија, која акумулира 55 000 000 м3 вода, од која со вода за пиење се снабдуваат Струмица и дел од населените места во општина Василево.
 
Местополжбата и  природните  карактеристики  на овој простор се потенцијал за развој на туризмот. 
 
Уште еден фактор кој оди во прилог на ова е историското минато. Американската мисионерка мис Елен Стон, во 1902 год. во периодот на нејзиното заточеништво престојувала во една колиба во село Нивичино, кое се ноѓа на околу 11 км. северно од брана Турија. Патот до местото на нејзиното ослободување, во с. Ангелци, води токму покрај браната Турија. 
 
 
Како добри домаќини, Ве каниме на традиционалната манифестација Ден на празот  во с. Градашорци, која се  одржува секоја година во првата недела од месец ноември, каде ќе можете одблизу да ја запознаете нашата општина Василево.

 

 

 

fb Instagram

 

 

 

Конче денес е типично рурална општина сместена во централно-источниот дел од Р.Македонија опкружена со Конечка планина и Смрдешник, односно општините Штип, Неготино, Демир Капија, Валандово, Струмица, Василево и Радовиш.

 

Општина Конче се наоѓа во Југоисточниот дел на Р.Македонија на 150 км оддалеченост од Скопје десно од патот Радовиш-Струмица.

 

ЕКОНОМИЈА

Општините Радовиш и Конче, заеднички во Стратегијата за Локален економски развој и во Профилот ги даваат основните насоки за одржлив економски развој со единствена цел – подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во сите сфери на општественото живеење.

 

Промената на социјалните и економските услови, заокружувањето на пазарната економија, како и процесот на децентрализација придонесоа локалната власт во општините Радовиш и Конче да започнат да ги истражуваат своите капацитети и можности за подобрување на локалниот и микрорегионалниот економски развој, притоа создавајки синтеза на урбаниот и руралниот сегмент.

 

Од таа причина општина Радовиш и општина Конче потпишаа Меморандум во кој ги определија насоките на заедничкото функционирање во подрачјето на локалниот економски развој кој во иднина ќе функционира на ниво на микрорегион. Како финален производ на желбата за заедничка соработка општините Радовиш и Конче ја основаа заедничката Канцеларија за локален економски развој која ќе работи заедно со партнери од јавниот, приватниот и невладиниот сектор, со цел создавање на подобри услови за одржлив економски развој и креирање на нови работни места. Создавајки јасна визија и определувајки јасни цели пред себе, ќе се стремат кон креирање на издржна стратегија за подршка на локалниот приватен бизнис-мали и средни претпријатија и граѓански сектор со цел генерирање на одржлива благосостојба на микрорегионот.

 

Преку овој процес на создавање на профил и стратегија на микрорегионот Радовиш–Конче, се создава дух на одржлива претприемачка култура, лојална конкуренција и добри деловни услови за развој, базиран на сопствени ресурси (човечки, институционални и природни) и нивни потенцијали, преку одржливост на целокупната стопанска состојба на микрорегионот. При тоа имајќи ги во предвид процесите на евроинтеграција, регионален и рурален развој.

 

Некогашниот средновековен епископски центар Конче денес е типично рурална општина каде земјоделството, сточарството, водостопанството и шумарството беа и ќе бидат директно вклучени во развојот на општина Конче со посебен акцент на производството на високо квалитетен тутун од типот *Јака* од околу 1.000.000 килограми од производителите на нашата општина кое претставува 5% од вкупното производство на тутун во Р. Македонија за кое се заинтересирани повеќе домашни и странски компании за откуп на тутун. Во населените места во општината има регистрирано само мали трговски објекти (продавници), за линиски локален патен превоз и мал стопански капацитет за откуп и преработка на млеко.

 

Покрај тутунот, општината Конче како редок природен ареал со 100% еколошки чиста животна средина со големи ресурси и потенцијали за производство на здрава храна располага и со огромно шумско и водно богатство. За развој на дрвната индустрија, како и за пчеларството, и особено ловниот и риболовниот туризам, имајќи ги предвид езерата Мантово, Конче 1 и Конче 2 и богатството на дивеч во Конечка планина како едно од најбогатите ловишта во Р.Македонија.

Манастирскиот комплекс Св. Стефан изграден во 1366г. во с.Конче нуди и извонредни можности за развој и на црковно-културниот туризам, особено и со претстојната изградба на новите конаци.

Општина Конче, покрај тоа е една чиста и еколошки здрава средина, располага и со огромни резерви на мермер, глина и бакарна руда со застапеност и на повеќе благородни метали, глина и бакарна руда со застапеност и на повеќе благородни метали што претставува и еден иден потенцијал на рударството, односно можен старт за еден нов профил и индустриски развој на општината.

 

Позначајни можности за инвестирање во Конче се:

– оранжериско производство и одгледување на јужни култури

– производство на еколошки здрава храна

– развој на алтернативен туризам: рурален, културен, археолошки, спортски, ловен и риболовен и еко туризам

– изградба на мали хидроцентрали и акумулации

– искористување на соларна енергија

– изградба на преработувачки капацитети за земјоделски производи

– градење и проширување на нови капацитети за искористување на рудното богатство

– развој на мали и средни капацитети за финални производи

 

ДЕМОГРАФИЈА И НАСЕЛЕНИ МЕСТА

Во Општина Конче припаѓаат 11 населени места од кои 6 се активни, 3 се со многу мал број на жители , додека во 2 воопшто нема население. Вкупен број на жители во општината изнесува 3,690. Населението се занимава со земјоделие и поседува голем број на земјоделска механизација , што може да се примети ако ја обиколиш општината.

 

ИНФРАСТРУКТУРА

Во општина Конче локалната патна мрежа е во многу добра состојба додека за улиците во населените места тоа неможе да се каже.

 

Во н.м. Дедино само улицата која е и локален пат за поврзување со друго н.м. е асфалтирана додека улиците низ н.м. се земјани , трасирани, на некои делници има поставено тампон но ниту една не е асфалтирана. Ако се земе во обзир дека населението се занимава со замјделие и поседува голем број на земјоделска механизација, коли, комбиња и камиони за транспорт тогаш видлива е потребата за изградба на улици во н.м. за нивно полесно и побезбедно движење.

Улицата која е предложено да се изгради е трасирана, земјана, недоволно израмнета улица со должина 210 метри и е со ширина од 3,5 м.

 

Во н.м. Габревци само улицата која е и локален пат за поврзување со друго н.м. е асфалтирана додека улиците низ н.м. се земјани , трасирани, на некои делници има поставено тампон но ниту една не е асфалтирана. Ако се земе во обзир дека населението се занимава со замјделие и поседува голем број на земјоделска механизација, коли, комбиња и камиони за транспорт тогаш видлива е потребата за изградба на улици во н.м. за нивно полесно и побезбедно движење.

Улицата која е предложено да се изгради е трасирана, земјана, недоволно израмнета улица со должина 216 метри и е со ширина од 4,5 м. На еден дел е тампонирана но недоволно.

 

Во н.м. Липовиќ само улицата која е и локален пат за поврзување со друго н.м. е асфалтирана додека улиците низ н.м. се земјани , трасирани, на некои делници има поставено тампон но ниту една не е асфалтирана. Ако се земе во обзир дека населението се занимава со замјделие и поседува голем број на земјоделска механизација, коли, комбиња и камиони за транспорт тогаш видлива е потребата за изградба на улици во н.м. за нивно полесно и побезбедно движење.

Улицата која е предложено да се изгради е трасирана, земјана, недоволно израмнета улица со должина 144 метри и е со ширина од 3,5 м.

 

Во н.м. Лубница само улицата која е и локален пат за поврзување со друго н.м. е асфалтирана додека улиците низ н.м. се земјани , трасирани, на некои делници има поставено тампон но ниту една не е асфалтирана. Ако се земе во обзир дека населението се занимава со замјделие и поседува голем број на земјоделска механизација, коли, комбиња и камиони за транспорт тогаш видлива е потребата за изградба на улици во н.м. за нивно полесно и побезбедно движење.

 

Улицата која е предложено да се изгради е трасирана, земјана, недоволно израмнета улица со должина 180 метри и е со ширина од 4,5 м.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


Раб
отно време:
Пон - Пeт: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: 

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org