“МИДА” РЕНТ А КАР ТУРС со седиште во Бизнис Центарот МИДА и Меѓународен Аеродром Скопје со 80 возила е една од најдобрите рент-а-кар компании во Македонија.
Покрај тековното работење нашата куќа “МИДА” Рент а Кар Турс има успешна деловна соработка со сите државни институции на полето на превоз и прифат на странски ВИП гости - делегации, организирање на хотелско сместување, авио билети, превоз и прифат на придружбата на официјалните делегации, како и организирање на конференции, конгреси и семинари.
Веќе подолг период соработуваме со Министерството за надворешни работи, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за Внатрешни работи, Министерсвото за Одбрана и други институции.
Корисници на нашите услуги се и странските дипломатско-конзуларни претставништва акредитирани во Скопје: Амбасадата на САД, Амбасадата на СР Германија, Амбасадата на Р. Франција, Канцеларијата за врски на Р. Грција и други.
Во согласност со постојаниот развој на нашата компанија, ја зголемуваме нашата понуда на услуги.
“МИДА” Рент а Кар Турс е сместена во просториите на Бизнис Центарот МИДА во Скопје и Аеродромот Александар Велики, така што технички и кадровски сме подготвени професионално да одговориме на Вашите барања.
Работно време:
Понеделник - петок : 08 - a6h
сабота : 09 - 14 h
email : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.