MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

БРЕГАЛНИЦА Јавно комунално претпријатие ПО Делчево Featured

Monday, 07 November 2022 06:44
Rate this item
(1 Vote)

Јавното комунално претпријатие „БРЕГАЛНИЦА” од Делчево е основано заради трајно и непрекинато вршење на комуналната дејност, која е од јавен интерес. Неговата работа е јавна, транспарентна и претставува незаменлив услов за животот и работата на граѓаните на територијата на Општина Делчево.
 
Тоа е основано со Решение на Собранието на Општина Делчево број 01-4476/1 од 10.11.1966 година, како „Установа за комунални услуги” и е запишано во судскиот регистар со Решение на Окружниот стопански суд во Штип, Ус. Бр. 122/66 од 22.12.1966 година.
Во 1973 година, со Решение на Окружниот стопански суд во Штип, ФИ Бр.395/73 од 28.12.1973 година, Установата за комунални услуги „БРЕГАЛНИЦА” е конституирана како: Комунална организација на здружен труд „БРЕГАЛНИЦА” Делчево. Во 1989 година, со Одлука на Собранието на Општина Делчево број 0101-924 од 27.11.1989 година, Установата за комунални услуги на здружен труд, е организарана во форма на: Јавно комунално претпријатие „БРЕГАЛНИЦА” Делчево, како јавно претпријатие за комунални дејности. Седиштето на јавното претпријатие се наоѓа на улица „Методи Митевски-Брицо” бр.36 во Делчево, контакт тел. 033/411 254.
 
Основна (приоритетна) дејност на јавното претпријатие е: Собирање, обработка и снабдување со вода. Покрај основната дејност, јавното претпријатие во рамките на својот делокруг на работење ги врши и следните дејности: - отстранување на отпадни води, - собирање, обработка и депонирање на безопасен отпад, - изградба на хидроградежни објекти и поставување на инсталации за водовод и канализација - одржување и користење на јавните пазари на големо и мало, - одржување на спортски и рекреативни објекти, - одржување на јавната чистота во Општина Делчево, - изградба и одржување на јавно осветлување на подрачјето на општината и други електро инсталатерски работи, - изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од значење за општината, утврдени со урбанистичкиот план, - работи на изградба, реконструкција, управување и одржување на гробишта, - одржување на сообраќајната сигнализација на улици и општински патишта, - одржување и уредување на паркови, речни корита и јавни зелени површини, - крпење на ударни дупки, прекопи на улици и јавни површини и друго, - изградба на други објекти од нискоградба неспомнати на друго место (пристапни патеки, тротоари и сл.).

 
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00

e-mail: 
web: www.jkpbregalnica.mk

fb Instagram

 

 

Read 716 times Last modified on Wednesday, 09 November 2022 12:05
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org