MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Бламеја Дооел

Friday, 09 July 2021 12:54
Rate this item
(1 Vote)

Во нашата Земјоделска аптека достапни се и производите за одржување и прихрана на цвеќиња и украсни растенија кои ги содржат неопходните микро и макроелементи со што го подобруваат и стимулираат растот и цветањето на истите, како и висококвалитетни хумусни почви, биостимилатори, алатки за садење и разни големини на црева и прскалки.
 
Во периодот кој следува од особена важност е наводнувањето и прихраната во градинарството и овоштарството и за таа намена кај нас можете да ги најдете сите видови на спојки, црева и капалки за системите за наводнување "капка по капка", како и разни видови на помагала за градинарство, одржување на цвеќиња и дворови, широк асортиман на вештачки комбинирани ѓубрива, кристални и течни ѓубрива.
 
Во нашата земјоделска аптека можете да најдете широк асортиман на препарати неопходни за третирање и превенција од болести и штетници на сите градинарски, овоштарски и житни култури од врвни брендови по најприфатливи цени.
Во земјоделската аптека Бламеја од денес во продажба е семе
то за пиперка сорта МИШИНА која е тип на капија кој се карактеризира со силно и бујно растение со одлична лисна покриеност и високо развиен корен. Плодовите се големи, сплоснати со две страни. Тежината на плодот е од 250-300 гр. со дебелина на месо од 5-8мм. Содржи висок процент на суви материи и може да се произведува на отворено или во пластеници.
 

fb Instagram

 

Read 1327 times Last modified on Monday, 09 October 2023 10:09
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org