MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Металко Бј

Thursday, 03 June 2021 13:05
Rate this item
(1 Vote)

Ние сме компанија која неуморно работи во корист на нашите клинети.
Нашиот тим претставува спој од искусни и докажани мајстори на својот занает, како и млади и вредни поединци желни за работа и напредок. Во нашето 5 годишно постоење, успеавме да одржиме стабилни врски со нашите досегашни соработници и клиенти, а стотиците завршени проекти во нашето портфолио, кај домаќинства, приватни и државни институции, сами за себе зборуваат за квалитетот на нашето работење и претставуваат своевидна потврда за нашата напорна работа и посветеност.
 
Основна цел на нашата компанија е да обезбедиме сигурност и безбедност во домот, истовремено и одлична звучна и термичка изолација, а воедно и да обезбедиме подобар визуелен изглед на објектите, пред се врз база на потребите и желбите на нашите клиенти. Со нашата посветеност и оддаденост, се трудиме да воспоставиме блискост и доверба кај потрошувачите, градејќи долгорочни и стабилни соработки, како со приватни, така и со деловни клиенти. Изработуваме производи од високо квалитетни материјали кои се тестирани и докажани, со дизајн, бои и димензии по желба на самите клиенти.
 
Во МЕТАЛКО-БЈ веруваме дека успехот на една компанија не се вреднува само според профитот и водечката позиција на пазарот, туку и според тоа колку компанијата е одговорна кон заедницата. Затоа, настојуваме нашите активности да бидат засновани на одговорна работна пракса со цел да ја оправдаме довербата на клиентите и заедницата во која дејствуваме. Одговорното работење, грижата за нашите вработени, заедницата и животната средина во која опстојуваме се исклучително важни сегменти од стратегијата на нашата компанија.
 
Работно време:

fb Instagram

 

 

Read 710 times Last modified on Monday, 12 July 2021 13:32
More in this category: « ПВЦ Близнаци
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org