MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Уни партс ДС

Tuesday, 11 May 2021 12:46
Rate this item
(0 votes)

Компанијата УниПАРТС ДС дооел во Индустриската зона Визбегово располага со богато снабдена продавница на делови за градежни машини. Првенсвено сме специјализирани за делови наменети за средни и големи градежни машини.

Нашата палета на производи ги опфаќа светски познатите компании и брендови во овој сектор, како што се: Komatsu, Caterpillar, Hitachi, Liebher, Volvo и многу други

Располагаме и со магацински простор од кој продавницата секојдневно се снабдува со нови количества делови. Тимот кој се грижат за снабдување на магацинот и продавницата е во секојдневен контакт со нашите партнери во странство и директно со производителите на овие делови. Реномето што го изградивме во изминативе години, ни овозможува брзо и ефикасно да дојдеме до било кој резервен дел и тоа во најкраток можен рок, по цени кои се конкуретни и поволни, како за нашиот, така и за глобалниот пазар. Изложбениот салон работи секој ден од 8 до 16 часот.

Во салонот можете да добиете информации за деловите што ви се потребни, како и за можноста тие да бидат набавени доколку во моментот ги немамe. Исто така, во нашиот сервис, кој се наоѓа во близина на салонот, можете да добиете информација и за условите под кои тие резервни делови можат да се вградат во вашите машини.

УниПАРТС ДС има сопствен сервис, односно располагаме со стручен кадар и технички погон кој дава услуга во тековното сервисирање и одржување на градежни машини.

Тимот на професионалци ви стои на располагање при решавањето на тековните проблеми кои произлегуваат од вашето секојдневно работење. Секогаш кога ќе ви се појави проблем, а времето ви е драгоцено јавете се на еден од нашите контакт телефони или посетете не директно во нашиот сервис.

Сервисот се наоѓа веднаш до продавницата за резервни делови. Богатата палета производи/делови со кои располагаме ни дава можност да ги решиме вашите технички проблем во најкраток можен рок. Ако во моментот не располагаме со конкретниот дел потребен за одстранување на проблемот кај вашата машина, можеме да го набавиме за неколку дена.

Дел од услугите што ги нуди нашиот сервис:

• Репарација на редуктори и квачила за управување

• Репарација на пумпи

• Сервис на мотор

• Репарација на автоматски менувачи

• Сервисен преглед

 

Работно време:
Пон - Пет: 08:00 - 16:00
Саб - Нед: не работиме
 
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.uniparts.mk
 

 

fb Instagram

Read 81 times Last modified on Tuesday, 11 May 2021 13:06
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org