MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип

Wednesday, 14 April 2021 13:14
Rate this item
(0 votes)

"ЗАЕДНО РАСТЕМЕ ИГРАМЕ И УЧИМЕ" е мотото на Јавната општинска установа за деца  детска градинка "Гоце Делчев" Пробиштип. ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип со работа започна во далечната 1974 година и низ своето 43 годишно постоење на децата им обезбедува стимулативна средина за рано учење , поттикнување на раниот детски развој и стекнување на здрави животни навики.
    ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип  дејноста ја обавува во три објекти и тоа:
1.  Објект Цветови со адреса на ул. "Јордан Стојанов" бр. 47/А-Пробиштип
2.   Објект Срничка  со адреса на  ул. "Гоце Делчев" бр.13-Пробиштип
3.  Објект Изворче со адресана  ул. "Јане Сандански" бр.5-Злетово

    Објектот "Цветови" започна со работа 1982 година и во него има 2 занимални за престој на деца на возраст од 08 до 24 месеци и 4 занимални за деца на возраст од 2-6 години  Во Објектот е сместена централната кујна која го опслужува и Објектот "Срничка". Овде е сместена  централна кујна , а овде работи и раководно-административната служба.  
    Оваа година 2016/17 во градинката беа запишани повеќе од 400 деца од кои престојуваат околу 386 деца а критериум врз кој се формираат групите е возраста на децата и во трите објекти "Цветови" и "Срничка" во Пробиштип и "Изворче"  во Злетово има четири  групи за деца до две години, 11 групи за деца од 2 до 6 години, една група од 6 до 10 години и една група во Центарот  за ран детски развој  во с. "Ратавица". Згрижувачко воспитната дејност се одвива во согласност со програмите  за рано учење и развој и Интеграција на еколошката едукација во Македонскио образовен систем.
    Отварањето на градинката кон семејството е основа за остварување на  современите концепти и претставува битна алка во синџирот што значи воспитување. Родителите се добредојдени учесници во работилници и активности со децата а со нивната креативност ја разубавуваат градинката.
    Мисијата на градинката е - Креираме безбедна и стимулативна средина, негување тимска работа, толеранција, ги почитуваме различностите и ги поттикнуваме индивидуалните можности и способности на децата  а ја промовираме нашата установа во пошироката заедница.
    ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип по трет пат е добитник на највисокото признание Зелено знаме заради успешната реализацијата на еко - програмата а нашата градинка е прва деска градинка  во Р Македонија која во 2014 година  доби проект во вредност од 106 000 € од ИПА програмата за прекугранична соработка и успешно го реализиравме  со која во објектот Цветови  се изгради надворешна фасада, се заменија дотраените врати и прозори со ПВЦ а се постави и кровна изолација со која се заштедува енергија и до 40 % , а минатата година успешно го реализиравме проектот заштеда на енергија при што извршивме замена на врати и прозорци во објектот " Срничка".
    Со децата работиме на проекти по програмата на МТСП и тоа:
1)    Градини во детските градинки
2)    Градот низ детските очи
3)    Бон-тон за деца
4)    Од дете за дете
5)    Моја хигиена - моја навика    
6)    Семејството и семејните вредности
7)    Рециклирање со имагинација
8)    Здрави животни навики
9)    Спорт и спортски активности
10)    Традиционални детски игри
    Визија на градинката
Ние сме установа во која интересите и потребите за правилен раст и развој на детето ќе имаат приоритет и современа установа која ќе може да се соочува со предизвиците на
 21-от- век. Децата ќе ги учиме на основните вредности на животот а играта ќе биде движечка сила за поттикнување на учењето.

 
Работно време:
Пон - Саб: 07:00 - 17:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

Read 1132 times Last modified on Wednesday, 14 April 2021 13:22
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org