e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:
Дојдовте во КУЌАТА НА ВИНОЖИТОТО
Toa е градинката "8 Mарт" во Скопје.
На оваа куќа има голем прозорец облеан со сонце, и тоа е ПРОЗОРЕЦОТ НА МОЕТО ДЕТСТВО. Детството е најубавиот период од животот, и токму за него се грижиме во нашата градинка "8 Mарт", во која најубаво се расте.
Градинката "8 Март" почнаа со својата работа 1979 год. (Објект Пржино), и токму оваа година е нашиот голем јубилеј. Територијално е лоцирана во Општина Кисела Вода. Загрижува 700 деца, што е повисока бројка од нејзините реални капацитети. Децата се распоредени во 4 објекти, во 26 групи градинка дел и 8 јаслени групи. Градинката запишува деца од 7 месечна возраст до 6 годишна возраст. Сите објекти располагаат со пространи занимални, уредени холови, сали и дворови. Работно време на градинките е од 05:30 (06:00) до 18:00 часот.Во градинката "8 Март" воспотно образовната работа се темели на националната предучилишна програма, која ја подржува Програмата "Чекор по чекор" и "Граѓанско образование"
ХИМНАТАна "8 Март" -на општина Кисела Вода во Град Скопје
Прекрасен е овој детски света во него се градинки пет.
Тие се во најубавиот градски кварт.
Се викаат, се викаат "8 Март".
Во неа се расте во неа се пее,
8 Март, 8 Март, како сонце грее.
Виножито шарено над нејзе ќе сјае,најмногу ја сакам секој нека знае.
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.jdg-8mart-skopje.org.mk
"ЗАЕДНО РАСТЕМЕ ИГРАМЕ И УЧИМЕ" е мотото на Јавната општинска установа за деца детска градинка "Гоце Делчев" Пробиштип. ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип со работа започна во далечната 1974 година и низ своето 43 годишно постоење на децата им обезбедува стимулативна средина за рано учење , поттикнување на раниот детски развој и стекнување на здрави животни навики.
ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип дејноста ја обавува во три објекти и тоа:
1. Објект Цветови со адреса на ул. "Јордан Стојанов" бр. 47/А-Пробиштип
2. Објект Срничка со адреса на ул. "Гоце Делчев" бр.13-Пробиштип
3. Објект Изворче со адресана ул. "Јане Сандански" бр.5-Злетово
Објектот "Цветови" започна со работа 1982 година и во него има 2 занимални за престој на деца на возраст од 08 до 24 месеци и 4 занимални за деца на возраст од 2-6 години Во Објектот е сместена централната кујна која го опслужува и Објектот "Срничка". Овде е сместена централна кујна , а овде работи и раководно-административната служба.
Оваа година 2016/17 во градинката беа запишани повеќе од 400 деца од кои престојуваат околу 386 деца а критериум врз кој се формираат групите е возраста на децата и во трите објекти "Цветови" и "Срничка" во Пробиштип и "Изворче" во Злетово има четири групи за деца до две години, 11 групи за деца од 2 до 6 години, една група од 6 до 10 години и една група во Центарот за ран детски развој во с. "Ратавица". Згрижувачко воспитната дејност се одвива во согласност со програмите за рано учење и развој и Интеграција на еколошката едукација во Македонскио образовен систем.
Отварањето на градинката кон семејството е основа за остварување на современите концепти и претставува битна алка во синџирот што значи воспитување. Родителите се добредојдени учесници во работилници и активности со децата а со нивната креативност ја разубавуваат градинката.
Мисијата на градинката е - Креираме безбедна и стимулативна средина, негување тимска работа, толеранција, ги почитуваме различностите и ги поттикнуваме индивидуалните можности и способности на децата а ја промовираме нашата установа во пошироката заедница.
ЈОУДГ "Гоце Делчев" Пробиштип по трет пат е добитник на највисокото признание Зелено знаме заради успешната реализацијата на еко - програмата а нашата градинка е прва деска градинка во Р Македонија која во 2014 година доби проект во вредност од 106 000 € од ИПА програмата за прекугранична соработка и успешно го реализиравме со која во објектот Цветови се изгради надворешна фасада, се заменија дотраените врати и прозори со ПВЦ а се постави и кровна изолација со која се заштедува енергија и до 40 % , а минатата година успешно го реализиравме проектот заштеда на енергија при што извршивме замена на врати и прозорци во објектот " Срничка".
Со децата работиме на проекти по програмата на МТСП и тоа:
1) Градини во детските градинки
2) Градот низ детските очи
3) Бон-тон за деца
4) Од дете за дете
5) Моја хигиена - моја навика
6) Семејството и семејните вредности
7) Рециклирање со имагинација
8) Здрави животни навики
9) Спорт и спортски активности
10) Традиционални детски игри
Визија на градинката
Ние сме установа во која интересите и потребите за правилен раст и развој на детето ќе имаат приоритет и современа установа која ќе може да се соочува со предизвиците на
21-от- век. Децата ќе ги учиме на основните вредности на животот а играта ќе биде движечка сила за поттикнување на учењето.
• Објект ,,Брешиа,, на ул. ,,8 ми Септември,, бб,
• ,,Колезија,, на ул. ,,Атанас Илиќ,,
• објект во с. Могорче.
Во градинката се запишани 313 деца во 14 групи, од кои 10 во објектот Брешиа, 3 во објектот Колезиаод кои 2 групи се школски и тоа деца [од 6 до10 год] и еднан група во село Могорче,во кои целокупната дејност ја вршат 41 вработени лица. Нашата основа дејност е воспитание образование и загижувањe на деца од 8 месеци до поаѓање на училиште согласно со програмата за рано учењеи развој базирано врз Стандардите за рано учење и развој. Раното детство е од особено значење за севкупниот понатамошниот развој на личноста. Активностите се изведуваат на аллбански јазик, две групи активностите ги изведуваат на македонски јазик и мозаик- групата активностите ги изведува на двојазично македонски и албански јазик. Нашата цел како градинка е да всадиме стимулативна и креативна средина во која детето ќе може да го осознава светот, да учи и да ги развива своите потенциали преку игри, песни, дружење, интеракцја, истражувачко-откривачки активности, решавање на разни проблемски ситуации и сл. Секое дете поттикнато од вродената лубопитност, интерес и сопствените афинитети е желно за постојано учење, а наша задача е да создадеме учење по мерка на детето, кое ќе биде во согласностсо развојните законитости на децата. Ако сето ова го имаме во предвид нашите залагања во градинка се;
- Еднаков пристап до квалитетна воспитно - образовно делување и згрижување на секое дете
- Индивидуализиран пристап кон детето
- Вклучување на семејството и пошироката општествена заедницата во воспитно образовниот процес
- Користење на разновидни пристап со децата при реализирањето на воспитни - образованата дејност
- Користење на соодветни надгледни сретства, техники, методи
- Следење на современите трендови во светот
- Реализациа на пројекти
- Работилница за деца и родители
- Семинари и работилници за префесионално усовршување на вработените
- Приредби
- Хуманитарни акции
- Излети
- Посетиe-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: