MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Оранжерии Хамзали

Friday, 12 February 2021 14:34
Rate this item
(0 votes)

 
 
 

АД ОРАНЖЕРИИ с. Хамзали општина Босилово, Струмица е Акционерско Друштво чија претежна дејност е производство на раноградинарски култури : разни сорти на домати, краставици, блага пиперка, лута пиперка, зелка, компир, жито и др.

Произлезено е од трансформацијата и делбата на АДМС ЗИК Струмица - Струмица и е еден од неговите правни наслендици. Работи врз основа на Законот за трговски друштва, сопствениот Статут и на начин и услови како што е запишано во Трговскиот регистар. Уписот на основањето е извршен на 15.02.2002 година од Основниот суд во Штип под трег.бр. 103/2002. Последните промени во Друштвото се извршени на 07.05.2002 година со одлука за проширување на предметот на работење заведена под бр.03-411.

Седиштето на Друштвото е во с.Хамзали општина Босилово, иако дел од земјоделското земјиште на кое се одгледуваат погореспоменатите култури се простира и на територијата на с.Банско и с. Балдовци. Според Статутот и Тековната состојба, висината на основната главнина на Друштвото изнесува 225.648.566,00 денари или 3.639.493 ЕУР . Според Статутот, управувањето со Акционерското Друштво е организирано според двостепен систем на управување. Друштвото има Управен одбор и Надзорен одбор.

Собранието го сочинуваат сите акционери и нивните застапници. Друштовто го застапува и претставува Претседателот на Управен Одбор- Васе Митев кој е и главен акционер со повеќе од 90 % акции. Основната дејност на Друштвото е 01.12/1 - Одгледување на зеленчук, цвеќе и украсни билки и производство на семе од нив. Во АД Оранжерии с. Хамзали има вработено вкупно 136 вработени на неопределено време и 30 вработени на определено работно време.

 
Работно време:
Пон -Нед: 07:00 - 22:00
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
webwww.adoranzerii-hamzali.com.mk
 
fb Instagram
  
Read 966 times Last modified on Friday, 12 February 2021 14:39
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org