Ан-си фреш постои од 2005 година.Започнавме како мала семејна фирма со двајца вработени,сега константно сме 7,а имаме и 2 до 3 вонредно вранотени.Наша дејност е откуп на земјоделски продизводи,нивно пакување и дистрибуција низ Неготино и Кавадарци низ маркети,ресторани,кафичи,кујни,хотели...
Исто така Ан-си Фреш има и сопствена пиљара во Неготино за продажба на зеленчук и овошје,како и магацин на големо од каде се складира и потоа се дистрибуира робата низ Тиквешијата.
Секогаш свежо и вкусно....Повелете,ве очекуваме
Работно време :
Пон-сабота - 06:00 - 15:00h
Недела не работи
mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Компанијата ГРЕЕН ПРОДУКТ ДООЕЛ е формирана во 2003 год. Компанијата е формина сопстевни финансиски срдтства од основачот Насер Зеќири. Греен Продукт е мало претпријатие со долгодишно искуство за преработка на овошје и зеленчук со висок квалитет.
ГРЕЕН ПРОДУКТ располага со сопствени објекти за производство и складирање на суровина и готвов прооизвод.
Производите ГРЕЕН ПРОДУКТ произведени од вискококвалитени домашни суровини покрај на домашниот пазар се пласираат и на странските пазараи и тоа во земјите на Европската унија како Германија, Швајцарија Шеведска, Иралија и Франција , Балканските земји како Албанија Црна Гора и Косово и на Американскиот пазар.
Широката палета на производи на ГРЕЕН ПРОДУКТ ја опфаќата црвената програма Ајвар благ и лут, сос од домати и кечап и зелената програма (гамба со зелка, коктел салати, мешани салати, црвена и бела пиперка, корнишони, феферони, лист од зелка, цвекло и др.).
Призводите ГРЕЕН ПРОДУКТС се со висок квалитет карактеристичен за Македонското поднебје и истите се произведуваат во различни пакувања.
Компанијата работи согласно постоечките домашни и меѓународни регулативи, и ги има воспоставено и сертифицирано НАССР системот за безбедност на храната и Стандардот за управување со квалитет ISO 9001:2015.
Да се задржи повеќегодишната доверба на купувачите, задржувајќи ја традицијата квалитетот, знаењето и способностите на нашите вработени со цел да создадеме задоволство на секоја трпеза.
Пон - Саб: 07:00 - 15:00
Недела: Неработен ден
АД ОРАНЖЕРИИ с. Хамзали општина Босилово, Струмица е Акционерско Друштво чија претежна дејност е производство на раноградинарски култури : разни сорти на домати, краставици, блага пиперка, лута пиперка, зелка, компир, жито и др.
Произлезено е од трансформацијата и делбата на АДМС ЗИК Струмица - Струмица и е еден од неговите правни наслендици. Работи врз основа на Законот за трговски друштва, сопствениот Статут и на начин и услови како што е запишано во Трговскиот регистар. Уписот на основањето е извршен на 15.02.2002 година од Основниот суд во Штип под трег.бр. 103/2002. Последните промени во Друштвото се извршени на 07.05.2002 година со одлука за проширување на предметот на работење заведена под бр.03-411.
Седиштето на Друштвото е во с.Хамзали општина Босилово, иако дел од земјоделското земјиште на кое се одгледуваат погореспоменатите култури се простира и на територијата на с.Банско и с. Балдовци. Според Статутот и Тековната состојба, висината на основната главнина на Друштвото изнесува 225.648.566,00 денари или 3.639.493 ЕУР . Според Статутот, управувањето со Акционерското Друштво е организирано според двостепен систем на управување. Друштвото има Управен одбор и Надзорен одбор.
Собранието го сочинуваат сите акционери и нивните застапници. Друштовто го застапува и претставува Претседателот на Управен Одбор- Васе Митев кој е и главен акционер со повеќе од 90 % акции. Основната дејност на Друштвото е 01.12/1 - Одгледување на зеленчук, цвеќе и украсни билки и производство на семе од нив. Во АД Оранжерии с. Хамзали има вработено вкупно 136 вработени на неопределено време и 30 вработени на определено работно време.
АГ & БM ДООЕЛ е основана во 2004 година од страна на лицето г-дин Орце Манушев како увозно-извозна компанија чија што главна дејност е откуп на земјоделски производи.
Седиштето на компанијата се наоѓа во југоисточниот дел од Р.Македонија, во населеното место Муртино.
Од основањето па се до ден денес, со вршењето на примарната дејност компанијата АГ & БМ ДООЕЛ прерасна во една од најголемите и водечки компании за извоз на земјоделски производи од Р. Македонија.
Дека сме компанија која го дели врвот со неколкумина потврдуваат и нашите вредносни карактеристики, како:
висок квалитет на свежо овошје и зеленчук кои се одгледувани во чисти еколошки средини;
Пакување на продуктите според пазарните потреби;
Навремена достава на робата на клиентите на странските пазари;
Стручно квалификуваниот работен тим кој во секој момент се наоѓа во пресрет на нашите клиенти;
Поволните работни услови во кои работи тимот на вработени лица кој ги задоволува бараните хасап стандарди за квалитет..
Листата на клиенти на АГ – БМ ДООЕЛ за соработка надвор од границите е голема и истата рапидно расте од година во година.
Поголемиот дел од партнерите со кои имаме воспоставено соработка се наоѓаат претежно во: Русија, Полска, Украина, Чешка, Белорусија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Турција и.т.н.
Во 2014 година компанијата направи голем исчекор во својот развој со својата инвестиција во нов производствен капацитет наменет за производство на пластична амбалажа.
Со тоа го доби и епитетот компанија – олигопол со најсовремена технологија во предметната индустрија.
При производството се запазени меѓународните стандарди за квалитет ISO 9001 и ISO 14001.
Саб: 09 : 00 - 15 : 00