Млекарата “Вардарец“ – пример за успешна бизнис приказна во општина Валандово
Млекарата “Вардарец”, е еден од позитивните примери за успешна бизнис приказна во општина Валандово. Ова компанија, се занимава со откуп и преработка на млеко и со производство на млечни производи. Истата, пласира неколку сопствени призводи во прехрамбените маркети низ цела држава.
Млекарницата ВАРДАРЕЦ е лоцирана во југоисточниот дел на Македонија, во селото Удово. Се занимава со откуп на млеко и производство на 100 % природно сирење, кашкавал и урда. Млекарницата е успешна приказна на еден семеен бизнис кој континуирано се развива и чии производи веќе се пласираат во повеќе синџири на маркети во Македонија, како и во други помали продавници.
Млекарницата ВАРДАРЕЦ е во сопственост на семејството Кавазови од Удово и денес веќе има 25 години традиција. Клучот на успехот на оваа млекарница е во воспоставувањето долгорочна соработка со локалните сточари кои произведуваат млеко во исклучително чиста средина, главно со природна паша на кравите, овците и козите, а потоа квалитетното млеко се преработува со висока технологија, по највисоки стандарди. Резултатот е производство на 100 % природно сирење, кашкавал и урда, со препознатлив вкус и одличен квалитет.
Последната инвестиција на Млекарницата ВАРДАРЕЦ е новиот производствен погон кој се наоѓа во Индустриската зона во Јосифово. Новиот објект е веќе во фукција, во него се работи со најсовремена опрема и технологија, а капацитетот на производството е зголемен за повеќе од 400 проценти.
Mлекарницата ВАРДАРЕЦ е лоцирана во југоисточниот дел на Македонија, во село Удово. Се занимава со откуп на млеко и производство на 100 % природно сирења и кашкавал.
- Кравјо сирење
- Овчо сирење
- Козјо сирење
- Мешано сирење
- Кравји кашкавал
- Мешан кашкавал
- Кравја урда
КОЈ ПРОБАЛ, ЗНАЕ!
- Кравјо сирење
- Овчо сирење
- Козјо сирење
- Мешано сирење
- Кравји кашкавал
- Мешан кашкавал
- Кравја урда
КОЈ ПРОБАЛ, ЗНАЕ!
Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 21:00
Недела: не работиме
Пон - Саб: 08:00 - 21:00
Недела: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: