MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

МЛЕКАРНИЦА МАЛЕШ лоцирана во село Смојмирово, во еколошки чиста средина, во пазувите на Малешевските Планини, произведува повеќе од 20 различни видови производи од кравјо, овчо и козјо млеко, направени по стари, традиционални рецепти.

- Кравјо, мешано, овчо и козјо сирење
- Кравји, мешан, овчи и козји кашкавал
- Биено сирење
- Урда

Смојмировско за своја душа!

МЛЕКАРНИЦА МАЛЕШ претствавува долгогодишна семејна традиција преточена во семеен бизнис, кој веќе 15 години успешно егзистира на македонскиот пазар. Нашата мисија е производство и пласирање на квалитетни производи на македонскиот пазар, направени од чисто, природно млеко, од еколошки најчистиот регион во Македонија – Малешевијата.
 
 
Работно време:
Пон - Пет: 08:00 до 16:00
Сабота-Недела: не работиме

 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

https://www.facebook.com/mlekarnicamalesh/

fb Instagram

 

 

Eko Sharr, со над 20 години искуство, се посвети на тоа да стане нераскинлив дел од вашата трпезариска маса.

Годишно, произведуваме над 2.000 различни производи од сирење кои се направени со неспоредлив вкус и доаѓаат со светски познатиот печат со квалитет Eko Sharr.

Нашите производи поминуваат низ ригорозни тестови за квалитет, вкус и безбедност за да се осигурат дека крајниот производ што го јадете е безбеден, здрав и вкусен.

Ние произведуваме вкусна разновидност на млечни производи и производи од сирење од светски познатиот регион Шар Планина каде што воздухот е неспоредлив и неговите придобивки се неизмерни.

Повеќе од 20 години искуство и страст за квалитетно производство на сирење, Eko Sharr резултираше со извонредност на вашата трпезариска маса.

Уживај во животот. Уживајте во Eko Sharr.

 
 
Работно време:

Пон - Саб: 08:00 - 21:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: https://ekosharr.com

fb Instagram

 

 

Млекарата “Вардарец“ – пример за успешна бизнис приказна во општина Валандово

Млекарата “Вардарец”, е еден од позитивните примери за успешна бизнис приказна во општина Валандово. Ова компанија, се занимава со откуп и преработка на млеко и со производство на млечни производи. Истата, пласира неколку сопствени призводи во прехрамбените маркети низ цела држава.

Млекарницата ВАРДАРЕЦ е лоцирана во југоисточниот дел на Македонија, во селото Удово. Се занимава со откуп на млеко и производство на 100 % природно сирење, кашкавал и урда. Млекарницата е успешна приказна на еден семеен бизнис кој континуирано се развива и чии производи веќе се пласираат во повеќе синџири на маркети во Македонија, како и во други помали продавници.
 
Млекарницата ВАРДАРЕЦ е во сопственост на семејството Кавазови од Удово и денес веќе има 25 години традиција. Клучот на успехот на оваа млекарница е во воспоставувањето долгорочна соработка со локалните сточари кои произведуваат млеко во исклучително чиста средина, главно со природна паша на кравите, овците и козите, а потоа квалитетното млеко се преработува со висока технологија, по највисоки стандарди. Резултатот е производство на 100 % природно сирење, кашкавал и урда, со препознатлив вкус и одличен квалитет.
 
Последната инвестиција на Млекарницата ВАРДАРЕЦ е новиот производствен погон кој се наоѓа во Индустриската зона во Јосифово. Новиот објект е веќе во фукција, во него се работи со најсовремена опрема и технологија, а капацитетот на производството е зголемен за повеќе од 400 проценти.
 
Mлекарницата ВАРДАРЕЦ е лоцирана во југоисточниот дел на Македонија, во село Удово. Се занимава со откуп на млеко и производство на 100 % природно сирења и кашкавал.
- Кравјо сирење
- Овчо сирење
- Козјо сирење
- Мешано сирење
- Кравји кашкавал
- Мешан кашкавал
- Кравја урда

КОЈ ПРОБАЛ, ЗНАЕ!
 
 
Работно време:
Пон - Саб: 08:00 - 21:00
Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org