Компанијата “Мактренд – транспорт и логистика” е основана во 1991 година и претставува една од првите приватни компании за траснпорт во Македонија. Од самиот почеток, патот кон успехот на Мактренд одржува нагорна линија, како резултат на нашата континуирана, долгогодишна и успешна работа. Основна дејност на компанијата Мактренд е меѓународен транспорт на стоки и складирање на стока под царински надзор. Компанијата располага со сопствен деловен простор, јавен царински склад и возен парк составен од транспортни возила кои ги исполнуваат најновите еко-стандарди (еколошки камиони). Во моментов компанијата Мактренд вработува 24 лица кои се стручно оспособени да можат професионално да одговорат на зададените задачи. Целокупниот персонал стриктно ја следи политиката на компанијата во врска со квалитетот на услугата и задоволството на клиентот.
Мактренд нуди Меѓународен транспорт на цели утовари од Македонија, Косово, Албанија до сите дестинации во Европа и обратно
Пакување, распакување, етикетирање
Транспорт на опасни материјали (АДР)
Складирање на царински стоки
Мактренд располага со отворен и затворен цариснки склад со површина од 800м².
Затворениот склад е опремен со рафтови со цел да се зголеми капацитетот за прием на стоки.
Складот има решение за овластен приемач, што овозможува транспортните возила директно од граничниот премин да доаѓаат на истовар во нашиот склад без претходно да влегуваат на увозниот царински терминал.
Мактренд располага со сопствени транспортни возила кои се опремени за траснпорт на различни видови стоки (палетизирана, непалетизирана, опасни материи – АДР итн.)
Поседуваме и ЦЕМТ дозволи што ни овозможува вршење на траспорт помеѓу трети земји.
Располагаме со ЦМР осигурување во висина од 200.000 евра како за нашите возила така и за возилата што товарат преку нас.
Постојаната комуникација со транспортните возила е основниот сегмент во начинот на функционирање на нашата компанија.
Пон - Пет: 08:00 - 16:30