Ваш Еко Дом е лиценцирана фирма за управување и одржување со станбено-деловни и деловно-станбени објекти, основана во февруари 2011 година, во Скопје.
Благодарение на современиот начин на работа и организација, воведување на нови идеи и прилагодување на побаруваните услуги на пазарот, нашата фирма нуди: административно управување и тековно одржување (хаусмајстор и хигиена).
Услуги:
Административно управување
* Доставување на месечни фактури до станарите, со реална пресметка на тековните трошоци и евиденција за наплата преку современ компјутерски систем
* Редовно подмирување на тековните трошоци во влезот (струја, лифт, хигиена и слично).
* Изготвување и спроведување на годишен план за станбениот објект
* Управување со резервниот фонд на станбениот објект.
Одржување и хигиена
* Два пати неделно чистење на заеднички простории согласно договорот.
* Нудиме машинско чистење на заеднички простории во договор со станарите.
* Одржување на хигиената во лифтот, бришење на гелендери, влезна врата во влезот.
Правна заштита и совети
* Изготвување на договор за вршење управувачки услуги.
* Покренување на постапка пред надлежен Нотар против станари кои нередовно ги подмируваат обврските кон управителот.
* Писмена коренсподенција до државните органи и органите на локалната самоуправа.
* Давање на правни совети од страна на управителот за целите и потребите на станбените објекти.
Хаус мајстор
* Се грижиме за вашиот станбен објект во целост.
* Вршиме поправки од помал обем како менување на сијалици, степенични автомати, мали електрични приклучоци и слично.
* За интервенциите од поголем обем обезбедуваме понуди од фирми или мајстори со долгогодишно искуство со кои соработуваме.
Постојаниот развој и инвестиции во стручниот кадар, вработените, како и надворешните соработници, овозможуваат комплетна подготвеност во сите фази на давањето на услугите од нашата област.
Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме
web: www.ekodom.com.mk