Клиники

Почетна :: Клиники | Општа медицина

ПЗУ ДАНЕА ФАРМ Скопје

Friday, 12 May 2023 06:07
Rate this item
(0 votes)

Во април започна со работа аптеката „Данеа-Фарм“. Сместена е во главниот хол на болницата „Ре-Медика“ и е достапна до сите пациенти секој ден од 9-18 часот и секоја сабота од 10-14 часот. Во „Данеа-Фарм“ работат дипломирани фармацевти и фармацевтски техничари кои го следат развојот на фармацијата со цел целосна и подобра фармацевтска грижа за сите пациенти.Фармацевтите соработуваат со докторите од „Ре-Медика“ со што овозможуваат лековите и медицинските средства кои се потребни да бидат секогаш достапни до пациентите.

Аптеката располага со широка палета на лекови и медицински средства. Пациентите може да резервираат лек на телефон и потоа да ојдат да го земат. Исто така, доколку некој лек е дефицитарен фармацевт во аптеката ќе се обиде да ви го набави. Во „Данеа-Фарм“ редовно ќе има акции за медицинска козметика со подароци и попусти за пациентите. Со „Данеа-Фарм“ пациентите од „Ре-Медика“ добиваат можност за целосна грижа за своето здравје. Фармацевтот може да даде одговор на многу прашања поврзани за терапијата и здравјето. Фармацевтот е секогаш тука за Вас.

Повелете во „Данеа-Фарм“ за поинаква и подобра фармацевтска грижа за вашето здравје. 

 

Работно време:

Пон - саб: 09:00 - 18:00

 Нед:          не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

 

 

Read 1310 times Last modified on Friday, 12 May 2023 06:21
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org