Правни застапници

Почетна :: Адвокати | Нотари | Извршители


Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 19:00                
Сабота : 09:00-14:00
Недела не работи

 

 

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: https://euroturist.mk/

fb Instagram

 

 

 

VOYAGER is one of the rapid growing and successful travel agents in the local tourist industry
 
 
 
Работно време:
Понеделник - Петок: 09:00 - 18:00
Сабота: 09:00 - 14:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: https://voyager.com.mk/

fb Instagram

 

 

Компанијата Интеко ДООЕЛ Скопје е основана на 02.04.1994 година. Во нашата компанија работат професионалци со долгогодишно искуство и едукација.
Фирмата Интеко е повеќе од 20 години застапник на светски брендови за спортска опрема Баболат и Ерреа.

Интеко ДООЕЛ Скопје започна со изградба на спортски терени, од моментот на основање со изградбата на првиот тениски комплекс КТК-Скопје, под падините на Водно. Тоа беше првиот успешен проект на нашата компанија за изградба на спортски игралишта.

Горди сме на нашата историја на изградба на спортски комплекси на територијата на нашата држава, но и во Русија, Косово, Србија, Црна Гора и Америка.

Од 2006 година со успешното работење во делот на изградба на спортски терени, тоа стана и наша основна дејност на компанија - монтажа на са сите видови на спортски подлоги. 

 

Во нашата референтна листа можете да ги видите најголемиот дел од подлогите кои ги имаме монтирано:

  • Земјени тениски терени
  • Акрилни спортски подлоги
  • Атлетски стази
  • Тартан подлоги
  • Мулти функционални игралишта
  • Детски игралишта

Сите овие подлоги се со од врвен квалитет за кои поседуваме сертификати и референци од Светските спортски организации, но поседуваме и референца за монтажа на спортските подлоги од италијанскиот бренд Casali, која успешно ја застапуваме од 2008 година, на просторите на Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Албанија.

Нашата компанија и вработени поседуваат сертификат за поставување на подлогите Casali од Италија, Polytan од Германија, Conica од Швајцарија, како и за монтажа на спортска опрема за игралишта  Artisport од Италија и за детски игралишта Kompan, Данска

Компанијата Итеко се занимава и со поставување на детски игралишта и игротеки, обезбедување осветлување за спортски и индустриски објекти, изградба и монтажа на огради околу спортските игралишта. Нудиме совети за одржување на сите спортски површини.

 
 

 

Работно време:
Понеделник - Петок: 08:00 - 16:00
Сабота- Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: https://inteko.mk

fb Instagram

 

 

  За старата градска кафеана “Идадија М”, сместена во срцето на Дебар Маало се врзува дел од традицијата и историјата на Скопје. Таа веќе девет децении е место каде што се собираат луѓе од најразлични провиниенции – познати градски “фаци”, боеми, доктори, писатели, уметници, актери, офицери, но и занаетчии, трговци, спортисти…

А приказната за “Идадија” започнува во дваесеттите години на минатиот век. Кога печалбарот Ефтим Цветановски, родум од гостиварското село Куново, се вратил од Букурешт, Романија, решил да си го собере семејството на едно место. Во пролетта 1928 година во скопското Дебар Маало изградил куќа, а на приземјето ја отворил тогашната крчма над чија порта го ставил натписот-“Идадија”. Името е турцизам и значи гимназија, кафеаната го добила името по турската подофицерска школа, а потоа и старата Учителска школа која се наоѓала од нејзината спротивна страна.

На почетокот “Идадија” била маалска кафеана, но набргу таа прераснала во едно од најпознатите градски собиралишта.

 
 
Работно време:
Пон - Пет: 09:00 до 22:00
Сабота-Недела: 09:00 до 00:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

fb Instagram

 

 

A Warm Welcome To Our Clinic

On the available location in the centre of the city, easily to find, DEG is located in the heart of Skopje, just 25 km away from the airport (see more details on contacts) and only 5 km away from the railway and international buss station.

At Dental Excellence Group we have created a dental practice that offers the highest quality patient care and world class dentistry within a friendly, relaxed and inviting environment. We commit ourselves to going beyond the ordinary by continuing dental education and keeping abreast of the changes in modern dentistry.

Our knowledge and skills are constantly being improved with the aim to ensure services you deserve.

With the tradition existing from 2008 we have joined modern technology and progressive procedure. Our expertise and proficiency combined with the long term experience and plentiful satisfied patients confirm our excellence.

Greeted with a smile and attention of experienced and dedicated professionals you will feel comfortable and safe at Dental Excellence Group office.

 

Работно време:
Пон - Пет: 08:00-19:00
Сабота: 08:00-16:00
Недела: Затворено

 

 

e-mail: : This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: //dentalimplants.mk/

 

 

 

 

  Агенцијата за пошти е независно регулаторно тело во областа на поштенските услуги, правно лице основано со Законот за поштенските услуги, како самостојно и непрофитно правно лице, кое врши јавни овластувања.

Агенцијата за пошти започна со работа во јули 2008 година.

Основач на Агенцијата за пошти е Собранието на Република Северна Македонија.

Имотот и средствата за работа на  Агенцијата се  сопственост на Република Северна Македонија, кои ги користи и со нив управува Агенцијата.

Седиштето на Агенцијата за пошти е во Скопје.

Агенцијата за пошти како независно регулативно тело со надлежности и овластувања се грижи за законско и ефикасно функционирање на пазарот на поштенски услуги, со цел заштита на правата на корисниците на поштенските услуги.

 Целта на Агенцијата за пошти е да создаде подобри поштенски услуги.

 Наша мисија е

√ промовирање на ефективна и одржлива конкуренцијата и обезбедување на фер пазарни услови во секторот;

 √ креирање на модерен и ефикасен поштенски сектор, кој ќе нуди квалитетни поштенски услуги и ќе даде значителен придонес за понатамошен економски развој во земјата, и

 √ заштита на правата  на корисниците на поштенските услуги.
  Наша визија е професионално и независно регулаторно тело,  посветено на потребите на поштенскиот пазар, со одржлива регулација на поштенските услуги, како и заштита на правата на корисниците. 
 
 
 
 
Работно време:

Пон - Петок: 08:00 - 16:00
Саб - Недела: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: https://ap.mk/mk/licenca-pnl-translog-dooel-skopje

fb Instagram

 

 

 Дијагностичка лабараторија Биохем Медика e прва приватна здраствена установа во земјата, која своите почетоците ги бележи во 1991 година. И од самите почетни денови е посветена на  издавање квалитетни , високо професионални услуги од областа на медицинската лабараториска дијагностика, со цел да се заштити, зачува и подигне квалитетот на зравјето на пациентите.
ПЗУ Д.Л.Б.М. е една од водечките во својата работна област во регионот на Р.Македонија со единствен македонски инвеститор и со повеќе од 20 години работно искуство на регионот на Скопје и пошироко на териториите на Р.Македонија
Со својот искусен  кадар кој поседува високи професионални и етички вредности Б.М лабараторијата секогаш држи чекор со најновите светски медицински трендови и секојдневно тежнее да се задоволат сите барања и да се прошири палетата на услуги се со цел да се задоволат потребите на нашите пациети.
Основните принципи на нашата лабараторија се брзината, исправноста и издавањето на доверливи резултати.
Во нашата работа секојдневната контрола на квалитетот е од фундаментално значење.
Поради и што секојдневно пред почетокот со анализи на материјалот од пациентите, сите уреди во лабараторијата се контролираат и калибрираат со нормален и паталошки серум. А по добивање на очекуваните резултати се почнува со анализите на пациентите.
Редовна контрола на уредите се врши и од странана надворешна акредитирана меѓународно признаена лабараторија од Германија, со која нашата лабараторија има вклучено договор за соработака.
  –Нашата лабараторија нуди сеопфатна и комплетна дијагностика, од високо специјализирани кадри
o    Организирано земање на материјали во ординации, болници, Вашиот дом
o    Можност за изработување на итни анализи*

*во зависност од времето потребно за изведување на анализите


ПЗУ Биохем Медика има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ, за изработка на лабораториски анализи од лабораториски упат- образец ЛУ-1, издаден од матичниот доктор. Пациентот го остварува правото да ги изработи овие анализи на товар на фондот, исклучиво со валиден упат од матичен доктор.
Само лабораторијата на локација ул. ЦветанДимов бр 33 ( во трговскиот центар Чаирчанка ) има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на РМ.

Работно време:

Пон - Пет: 07:00 - 20:00

Саб:  09:00 - 15:00

Нед: не работиме

 e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
 

 

 

 

ОКТАГОН ПРИМА доо е водечките компании во Македонија за канцелариски материјали, рекламен и промотивен материјал и печатарски услуги. Во изминатите години со голем ентузијазам и упорна работа успеавме да се наметнеме и да станеме препознатливо име на македонскиот пазар. Друштвото за трговија и услуги ОКАТАГОН ПРИМА доо е компанија која е формирана и постои на пазарот од 2012 година и на нашите клиенти секогаш им ги нудиме најдобрите производи во сегментот канцелеријски материјали, прибор, опрема и технологија.

 

 

 

 



Раб
отно време:
Пон - Пeт: 08:00-16:30
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.oktagonprima.com

fb Instagram

 

 

Градинката Весели Цветови  започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја,на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев".

Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.  

Потребата од згрижување на сé повеќе деца во установата, придонела за отворање на повеќе клонови. Во Декември 1972 година, Собранието на град Скопје донело решение за давање согласност за спојување на градинката "Мирче Ацев" и комбинираната детска установа "Боца Иванова" во една градинка, која добила име "Весели Цветови".

Сé до 1995 година градинката"Весели Цветови" растеше во однос на бројот на деца,вработени и клонови, па достигнала број од запишани 3808 деца во 166 воспитни групи и 17 клонови.

Во 1995 година градинката "Весели Цветови" е поделена од страна на Министерството за труд и социјална политика на повеќе установи, како што се денешните градинки:

•    градинката "Срничка" во населбата Аеродром со 6 објекти,

•    градинката "Буба Мара" во Лисиче со 3 објекти,

•    градинката "Корчагин" во Центар со 3 објекти

•    градинката "8-ми Март" во Драчево  со 2 објекти.

ЈДГ "Весели Цветови"  денес е реномирана градинка која обезбедува квалитетен престој на деца од предучилишна возраст за граѓаните од Општина Кисела Вода. Располага со 6 објекти:

•    Објект "Сончоглед"

•    Објект "Мимоза"

•    Објект "Синоличка"

•    Објект "Кокиче"

•    Објект "Перуника"

•    Објект Ѓурѓица

Објектите се лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода, во кои згрижува воспитува и образува 1020  деца, во 35 воспитни групи за кои се грижат 120 вработени.

Објектите се опремени со опрема која е прилагодена за потребите и возраста на децата. Кабинетите располагаат со соодветни дидактички материјали.

Опременоста на нашите објекти овозможува децата да дојдат во контакт со најсовремени дидактички игри и детска литература, а со тоа се збогатуваат нивните сознанија за се што ги опкружува.

Воспитно-образовната работа се реализира согласно Националната програма  за работа со деца од предучилишна возраст  базирана на Стандардите за ран детски развој, преку најразлични содржини, однапред испланирани од стручните служби и воспитниот тим. Секојдневното планирање и реализирање на активностите резултира во правилен психофизички развој и градење на личноста на детето.

Но, за квалитетна работа потребен е квалитетен персонал кој работи со децата. Во градинката "Весели Цветови" посебно внимание се посветува на стручното усовршување на вработените преку најразлични форми на едукација (предавања, работилници, дебати, трибини), развивајќи ја индивидуалната работа на воспитниот и негувателскиот персонал.

 

Познати сме по многубројните квалитетни приредби по различни поводи, во кои главни актери се децата, а понекогаш вклучуваме и некој родител или вработен, за да биде уште поинтересно.

 

 

 

 

 

Работно време:
Пон - Пeт: 06:00 до 18:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: 

fb Instagram

 

 

Page 1 of 2
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org