Универзитети | Средни училишта

Почетна :: Универзитети | Средни училишта

СУГС Браќа Миладиновци

Tuesday, 07 July 2020 19:07
Rate this item
(1 Vote)


СУГС „Браќа Миладиновци“ е средно училишта на Градот Скопје, лоцирано во атарот на Драчево, Општина Кисела Вода (ул. Бранко Заревски 110).

Како средно училиште, формирано е во 1964 година, најпрвин како гимназија за покасно да прерасне во училиште кое образува кадри од гимназиско и стручно образование (земјоделско-ветеринарна струка).

Од стручното образование застапени се следниве образовни профили:

  • ветеринарен техничар;
  • техничар за фармерско производство;
  • техничар за хортилултура;
  • техничар за агроменаџмент.

Во училиштето се образуваат околу 400 ученици, а наставата ја реализираат 65 професори. Освен наставен кадар, во училиштето се вработени уште 16 лица од административно-технички кадар.

Наставата во училиштето се изведува на два  јазика македонски и албански наставен јазик.

Училишната зграда е монтажна барака, која е донација од англиската влада за разрушеното Скопје после катастрофалниот земјодтрес.

Училиштето располага со училишна економија и мини Зоо парк кои се користат за реализација на практичната настава.

Зоо паркот располага со дваесетина видови на диви и домашни животни.

Училишната економија располага со пет хектари земјоделско земјиште на кое се одгледуваат едногодишни и повеќегодишни земјоделски култури (вишни, лозје, житни култури, градинарски култури и различни видови на цвеќе).

За обработка на земјоделското земјиште од училишната економија, училиштето располага современа земјоделска механизација ( трактори, приклучна механизација, мотокултиватори, рачен земјоделски алат и др.).

Работно време:

Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. 
web:

fb   Instagram

Read 3779 times Last modified on Tuesday, 07 July 2020 19:17
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org