Ресторани

Почетна :: Ресторани

Ресторан Албис

Tuesday, 28 April 2020 05:53
Rate this item
(1 Vote)



Почетоците на Ресторан Албис датираат уште од 1997 год,кога е основан ресторанот и кога истиот започнува со работа. Во тој период ресторанот работи со една сала со капацитет од 300 гости.
За кратко време и препознатлив квалитет,работата на ресторанот се проширува  при што веќе од 2001 год започнува со работа и сала бр 2 која е со капацитет од 450 гости.
Кулуминацијата во угостителството Ресторан Албис ја достигнува во 2006 година кога се пушта во упетреба новиот објект кој во себе опфаќа 2 сали од кои сала број 1 со капацитет  од 800 гости ,и сала број 2 со капацитет од 600 гости.
 Комплексот ресторани Албис се одликува со модерен и уникатен изглед по кој е истиот на далеку добро познат и запомнат. Постојаните инвестиции во градба ,ентериер и ускладеност на надворешниот хортикултурен комплекс со внатрешното уредување овозможуваат ресторанот  секогаш да биде во тренд и приоритетно избран од страна на гостите во однос на другите угостителски објекти.
Гастрономската услуга, подготовките и послужувањето на разноврсната храна за сечиј вкус е уште една битна алка во доминантноста и препознатливоста на Ресторан Албис.
Подготвувајќи храна за сечиј вкус, во разни количини Ресторанот се прилагодува на барањата и желбите на гостите .
Како угостителски објект, Ресторан Албис во годините наназад може да се препознае со огромниот број успешно реализирани свечености од различен тип. Голем број на свадби,и други семејни прослави, семинари,матури,празнични прослави,презентации,коктели, се одржани во рамките на ресторанот.
Ресторан Албис од 2015 година е член и на Националното здружение за гастрономија Гастромак,преку кое и неговата интернационална афирмација дојде до израз.
Денес Ресторан Албис покрај вложувањето во себе и  кулинарството, потпомага повеќе здруженија,од спортски,културен,верски,и образовен карактер, со што влијае на подобрување на општите добра а секако и на афирмацијата на градот .
Впрочем  може да се каже ,синоним за претпознатливост на Гостивар е Ресторан Албис.

Работно време:
Пон - Нед: 08:00 - 24:00
Пет - Саб: 08:00 - 01:00
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:

fb Instagram

Read 1269 times Last modified on Thursday, 31 August 2023 07:04
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org