Недвижности

Почетна :: Недвижности

 

 

Работно време:
Пон - Пет: 10:00 - 20:00
Саб - Нед: 10:00 - 20:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:

 

 

fbInstagram

Градски трговски центар (скратено ГТЦ) - трговски објект изграден покрај реката Вардар, во центарот на Скопје. Градскиот трговски центар претставува културна икона и еден од најпрепознатливите објекти за градот Скопје.

 

Изградбата била официјално започната на 11 октомври 1969 година, а на 27 април 1973 бил пуштен во официјална употреба.[1] Автори на проектот се архитектите Тихомир Арсовски, Живко Гелевски, Димитар Димитров, Благоја Колев, Радомир Лајовиќ, Лидија Маркова, Живко Поповски.

 

Објектот има две подземни, приземно и две надземни нивои исполнети со простори за трговски, угостителски, занаетчиски, банкарски и други услуги. Во комплексот на Градскиот трговски центар се интегрирани и петте постоечки станбени кули на кејот „13 Ноември“, изградени пред земјотресот во Скопје.

 

Историски развој

По завршувањето на Втората светска војна, Скопје станува главен град на СР Македонија, политички, економски и културен центар, со што се создаваат можности за негов општествен и стопански развој. Започнува период на интензивна обнова и изградба на Скопје, во кој со голем ентузијазам се извршуваат сите задачи кои ги поставувала младата Република.

Новосоздадените услови го запираат натамошното опаѓање на Скопје, а јасно определените насоки за развојот на општественото, економското и политичкото уредување, ги поставуваат темелите на социјалистичкиот сектор и воведување на нови производни односи. За подобро планско уредување, во 1948 година бил изработен првиот Урбанистички план, кој целосно ги вклучува стопанските планови за долгорочен развој. Се обезбедува комплексен развој на индустриските, станбените и централните зони, со определени содржини и димензии и квалитетни придружни функции.Напоредно со другите стопански дејности, трговијата добива многу значајно место. Таа успешно ги надминува проблемите наметнати по војната. Започнува процес на создавање на трговски основи врз нови основи, преку изградбата на првите народни магазини и други популарни продавници во различни делови од градот. Овие први социјалистички претпријатија ја преземаат иницијативата за поинтензивен и поквалитетен развој, преоѓајќи ги сите фази, од планско рационално снабдување до широк асортиман и висок квалитет.Според новиот Урбанистички план, новите површини наменети за трговски дејности, се распоредени во постојните трговски места во центарот на градот, Старата чаршија и новите станбени реони. На овој начин, трговијата сѐ повеќе ја развива својата дејност; стоковната размена и асортиманот континуирано се прошируваат, почнува окрупнување на трговската мрежа и нејзино вклучување во меѓународниот промет.Трговијата во Скопје станува значајна гранка. Се градат големи трговски објекти, првата стоковна куќа, Скопскиот саем и други капацитети. Градот расте и сè повеќе се развива, а со тоа се проширува и неговата трговска мрежа со современи капацитети.

Урбана уметност

Во рамките на проектите за ревитализација на ГТЦ, Градот Скопје и Младинскиот културен центар на 17 јуни 2018 година, во рамки на проектот „Градот Убав“,[2] во сутеренот на ГТЦ се одржа првата отворена галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст.Во проектот „Градот Убав“, во чии рамки беа промовирани уметнички дела од артистите Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски – Драш, Ермал Мусовиќ, Васил Димовски – Страјк, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски – Флим, Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими – Есием, Зоки Мише – Шума, Трајче Павлов, Владимир Милиќ, Воскресија Андреевска, додека координатор на проектот е Филип Конески.Проектот е дел програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), која претставува мрежа на 14 партнерски градови и институции (меѓу кои и Градот Скопје и МКЦ), на европското културно богатство и разноликост, чија цел е промоција на меѓународниот креативен сектор преку тренинзи, размени и изложби на визуелни артисти.

 

 

 

Работно време:

Пон - Пет: 09:00 - 21:00

Саб : 09:00-17:00

недела :  не работи

 

 e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: https://gtcskopje.com.mk/

 

 

 

 

 
Центарот за внатрешни болести „СРЦЕ“ е приватна здравствена организација основана во 2003 година, која функционира под раководство на д-р Горан Николов специјалист-интернист, супспецијалист-кардиолог.
 
Во центарот се извршуваат специјалистички/супспецијалистички дијагностички прегледи од областа на интерната медицина: кардиологија, гастроентерохепатологија, нефрологија, ендокринологија, ревматологија и ангиологија, се вршат опширни лабораториски испитувања, како и испитувања од областа на превентивната медицина.
 
Располагаме со биохемиска лабораторија како и со повеќе кабинети:
 
-кабинет за интерна медицина и дијагностика
-кабинет за кардиологија
-кабинет за превентивна медицина, диететика и диетотерапија 
 
 
 
 
 
 Работно време:
 
Пон-чет: 08:00 - 19:00
Пет: 08:00 - 18:00
Саб: 08:00 - 13:00
Недела: Не работиме
 
 
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
fb Instagram

Културно-информативниот Центар „Романса“ Македонска Каменица е Општинска Установа формирана во 1995 година со Одлука од советот на Општина Македонска Каменица. Негова основна функција е програмско и функционално поттикнување и развој на културата, особено творештвото на децата и младината, на културно-уметничкиот аматеризам и објавувањето на културно-уметнички дела, како и вршење на други дејности од областа на културата, согласно со закон.

Со Годишната Програми за Култура  приоритет ќе им се даде на проекти кои се од трајно значење не само за Општина Македонска Каменица, туку и за Република С.Македонија, на проекти со кои ќе се промовира и унапреди уметничкиот аматеризам, и проекти кои ќе ги анимираат и децата и младите и повозрасните категории граѓани и кои значително ќе придонесат за развој на културната свест во нашиот град.

Културно-информативниот Центар „Романса“, со поддршка од општина Македонска Каменица, а во соработка со образовните институции на подрачјето на Македонска Каменица, во соработка со невладиниот сектор.

 
Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 17:00h
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.kicromansa.mk

fb Instagram

 

 

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org