MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ЕКО СТЕП е лиценцирана компанија за сметководство, финансиски и даночен консалтинг. Основани во 1992, во изминатите три децении ЕКО СТЕП дава сметководствена и консултанска поддршка на докажани имиња во бизнисот, како за домашни така и за меѓународни компании.

Нашето работење е динамично и усогласено со сите законски прописи, а нашата понуда вклучува широк спектар на услуги за мали, средни и големи претпријатија, непрофитни организации, здруженија, трговци-поединци, претставништва на странски компании и др.

Признаени меѓу водечките сметководствени бироа во Македонија, нашиот искусен тим од овластени сметководители работи посветено на обезбедување на врвна услуга за своите клиенти.

Следејќи ги врвните принципи на сметководственото работење, со знаење и искуство од локалната и меѓународната сметководствена пракса, ЕКО СТЕП нуди комплетни сметководствени услуги.  Опремени со најсовремена технологија за обработка на податоци, подготвени сме да одговориме на сите барања и потреби на нашите клиенти.

ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО
Евиденција на влезни и излезни фактури  (денарски и девизни)
Евиденција на изводи (денарски и девизни)
Изготвување и водење на благајнички извештаи
Евиденција на промет на каса

МАТЕРИЈАЛНО СМЕТКОВОДСТВО
Изработка на приемни листи во трговија
Изработка на девизни приемници и калкулации
Изработка на евиденција во трговија

ДАНОЧНИ УСЛУГИ
Пресметка на даноци за правни лица
Пресметка на ДДВ и ПД за физички лица

ИЗВЕШТАИ
Изготвување на точни и транспарентни извештаи за потребите на менаџментот, ДДВ пријави, пријавување на персонален данок и данок од задршка

ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТИ
Целосна пресметка на плати, вклучително и пресметка на боледувања, скратено и прекувремено работно време.

РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРАВНИ ЛИЦА
Поддршка и консултации во процесот на отварање на фирма и регистрирање на правното лице во Централен Регистар

ПРИЈАВА И ОДЈАВА НА ВРАБОТЕНИ
Пријавување и одјавување на вработени
Изготвување на боледувања
Подигнување и достава на картони за здравствено осигурување

ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈА
Изготвување на завршна сметка, КИПО обрасци и други потребни обрасци за цели на државата и доставување на истите до релевантните институции

ПРОМЕНИ ВО ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
Навремено известување за општите законски промени и промените во  законската легислатива поврзани со дејноста на вашата фирма

ПЛАТЕН ПРОМЕТ
Вршење на платен промет во сите банки

КОНСАЛТИНГ
Совети при основање на трговски друштва
Совети при инвестирање
Даночни олеснувања
Совети за законски прописи од областа на даноци и сметковоство, како и нивна практична примена
Финансиско советување

ОСТАНАТИ УСЛУГИ
Изработка на бизнис план
Припрема на документи за одобрување на кредит
Изработка на интерни акти (правилник за попис, сметководствени политики, организација на човечки ресурси)
Пресметка на камати


Работно време:
Пон - Пет: 08:30 - 16:30
Саб - Нед: не работи

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web:www.ekostep.com.mk

fb Instagram

Скачать шаблон Joomla с JooMix.org