MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

Градинката Весели Цветови  започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја,на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев".

Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.  

Потребата од згрижување на сé повеќе деца во установата, придонела за отворање на повеќе клонови. Во Декември 1972 година, Собранието на град Скопје донело решение за давање согласност за спојување на градинката "Мирче Ацев" и комбинираната детска установа "Боца Иванова" во една градинка, која добила име "Весели Цветови".

Сé до 1995 година градинката"Весели Цветови" растеше во однос на бројот на деца,вработени и клонови, па достигнала број од запишани 3808 деца во 166 воспитни групи и 17 клонови.

Во 1995 година градинката "Весели Цветови" е поделена од страна на Министерството за труд и социјална политика на повеќе установи, како што се денешните градинки:

•    градинката "Срничка" во населбата Аеродром со 6 објекти,

•    градинката "Буба Мара" во Лисиче со 3 објекти,

•    градинката "Корчагин" во Центар со 3 објекти

•    градинката "8-ми Март" во Драчево  со 2 објекти.

ЈДГ "Весели Цветови"  денес е реномирана градинка која обезбедува квалитетен престој на деца од предучилишна возраст за граѓаните од Општина Кисела Вода. Располага со 6 објекти:

•    Објект "Сончоглед"

•    Објект "Мимоза"

•    Објект "Синоличка"

•    Објект "Кокиче"

•    Објект "Перуника"

•    Објект Ѓурѓица

Објектите се лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода, во кои згрижува воспитува и образува 1020  деца, во 35 воспитни групи за кои се грижат 120 вработени.

Објектите се опремени со опрема која е прилагодена за потребите и возраста на децата. Кабинетите располагаат со соодветни дидактички материјали.

Опременоста на нашите објекти овозможува децата да дојдат во контакт со најсовремени дидактички игри и детска литература, а со тоа се збогатуваат нивните сознанија за се што ги опкружува.

Воспитно-образовната работа се реализира согласно Националната програма  за работа со деца од предучилишна возраст  базирана на Стандардите за ран детски развој, преку најразлични содржини, однапред испланирани од стручните служби и воспитниот тим. Секојдневното планирање и реализирање на активностите резултира во правилен психофизички развој и градење на личноста на детето.

Но, за квалитетна работа потребен е квалитетен персонал кој работи со децата. Во градинката "Весели Цветови" посебно внимание се посветува на стручното усовршување на вработените преку најразлични форми на едукација (предавања, работилници, дебати, трибини), развивајќи ја индивидуалната работа на воспитниот и негувателскиот персонал.

 

Познати сме по многубројните квалитетни приредби по различни поводи, во кои главни актери се децата, а понекогаш вклучуваме и некој родител или вработен, за да биде уште поинтересно.

 

 

 

 

 

Работно време:
Пон - Пeт: 06:00 до 18:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: 

fb Instagram

 

 

"Dental Office - Kotev Dr. Ane" е модерна стоматолошка амбуланта, специјализирана за напредна дијагностика и третман на забни и орални нарушувања.

Ние нудиме сеопфатни услуги од сите области на стоматологијата. Во прилог на специјализираната и врвна стоматолошка опрема, сите услуги се обезбедени во удобна и пријатна работна средина. Нови пациенти се добредојдени за орални здравствени консултации. Взаемната доверба е наша цел.

Во нашата ординација посветена на уметноста и науката на козметичката стоматологија. Без разлика дали сте нови во оваа област или сте присутни веќе неколку години, секогаш е тешко да се одлучите за нов стоматолог.

Нашата ординација поседува најсовремена опрема, со најквалитетни материјали и високо обучен персонал. Нашата мисија е да ве едуцираме како да имате здрави заби и непца за долгогодишни насмевки, и сето тоа на грижлив и сочувствителен начин. Ние ја користите денешната технологија за да создадеме подобри насмевки за утре.

При Вашата посета на нашата стоматолошка ординација, ние ќе ја користиме најновата дентална козметика за да Ви дадеме неверојатна насмевка. Нашите доктори знаат дека насмевката е значајна за Вашиот секојдневен животен стил. Затоа, ние веруваме дека здрави заби и непца се само почетокот на живот исполнет со прекрасни насмевки.

Нашата ординација вклучува услуги во општа, козметичка и реконструктивна стоматологија. Ординацијата е исто така посветена на обезбедување на квалитетни стоматолошки услуги за оние кои имаат потреба од стоматолошка нега за деца и возрасни.

Првите впечатоци се значајни. Здрава и атрактивна насмевка може да ја зголеми Вашата самодоверба и да го подобри Вашиот личен и професионживот. Сите наши процедури се нежни, и изведени од обучен персонал. Сега повеќе од секогаш, можете да ги измените Вашите насмевки лесно и безболно со само неколку посети! За да откриете како можете да изгледате помлади, направете го повикот кој ќе ви го смени животот денес.

Во стоматолошката ординација Котев Ане ДС (Доктор по Стоматологија) секој ја добива насмевката од соништата, сето тоа со најновите техники и технологии, во најудобната и најпријатната можна средина. Пациентите кои се под стрес може да се ослободат од нивните стравови и со само неколку посети да завршат неколку годишна работa.

 

 

 

 


Раб
отно време:
Пон - Пет: 9:00 - 20:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: 


fb Instagram

 

 

Компанијата ЗСФ КОМ, во своето долгогодишно работно искуство има успешно инвестирано, проектиранo и изведено бројни проекти од областа на архитектурата и градежништвото.

 

Главни карактеристики во работењето на компанијата

 
 
  • одлична координираност и екипираност
  • добра организација при извршувањето на задачите
  • континуирана контрола за квалитетот на работење
  • индивидуален пристап на вработените кон зададените задачи
  • запазување на роковите
 

Високата стручна подготовка на вработените, постојаното усовршување и следење на стандардите, овозможија успешна реализација на проектите со посебни барања и високи стандарди.

Денес, користејќи ја техничко-технолошката структура, опремата со која располага, долгогодишното искуство, позитивното искуство со реномирани соработници и релевантни институции, компанијата е спремна да одговори на секое проектно барање во сите негови фази, од идеја до реализација.

ЗСФ КОМ е тим составен од професионални, вработени лица кои се стручни лица од повеќе области. Во процесот на реализација на проектите, тековно координира и менаџира високо специјализирани подизведувачи кои се долгогодишни соработници.

 
 
 
Работно време:

Пон - Пет: 08:30 - 16:30
Саб: 08:30 - 14:00

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.zsf.com.mk

 

 

fb Instagram

 

 

 

Работно време:

Пон - Чет: 08:00 - 20:00
Пет - Нед: 08:00 - 17:00

e-mail:This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. , This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:

fb Instagram


Работно време:
Пон - Нед: 0:00 - 00:00
e-mail:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.:

fb Instagram

Page 2 of 2
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org