MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ЈОУДГ ВЕСЕЛИ ЦВЕТОВИ

Thursday, 09 February 2023 14:23
Rate this item
(0 votes)

Градинката Весели Цветови  започнала со работа во далечната 1945 година во Скопје.

По ослободувањето на нашата земја,на 15 Март 1945 година, Народниот одбор на Скопската околија ја формирала установата "Мирче Ацев".

Градинката почнала да работи во станбена зграда со 20 деца и 3 вработени.  

Потребата од згрижување на сé повеќе деца во установата, придонела за отворање на повеќе клонови. Во Декември 1972 година, Собранието на град Скопје донело решение за давање согласност за спојување на градинката "Мирче Ацев" и комбинираната детска установа "Боца Иванова" во една градинка, која добила име "Весели Цветови".

Сé до 1995 година градинката"Весели Цветови" растеше во однос на бројот на деца,вработени и клонови, па достигнала број од запишани 3808 деца во 166 воспитни групи и 17 клонови.

Во 1995 година градинката "Весели Цветови" е поделена од страна на Министерството за труд и социјална политика на повеќе установи, како што се денешните градинки:

•    градинката "Срничка" во населбата Аеродром со 6 објекти,

•    градинката "Буба Мара" во Лисиче со 3 објекти,

•    градинката "Корчагин" во Центар со 3 објекти

•    градинката "8-ми Март" во Драчево  со 2 објекти.

ЈДГ "Весели Цветови"  денес е реномирана градинка која обезбедува квалитетен престој на деца од предучилишна возраст за граѓаните од Општина Кисела Вода. Располага со 6 објекти:

•    Објект "Сончоглед"

•    Објект "Мимоза"

•    Објект "Синоличка"

•    Објект "Кокиче"

•    Објект "Перуника"

•    Објект Ѓурѓица

Објектите се лоцирани на територијата на Општина Кисела Вода, во кои згрижува воспитува и образува 1020  деца, во 35 воспитни групи за кои се грижат 120 вработени.

Објектите се опремени со опрема која е прилагодена за потребите и возраста на децата. Кабинетите располагаат со соодветни дидактички материјали.

Опременоста на нашите објекти овозможува децата да дојдат во контакт со најсовремени дидактички игри и детска литература, а со тоа се збогатуваат нивните сознанија за се што ги опкружува.

Воспитно-образовната работа се реализира согласно Националната програма  за работа со деца од предучилишна возраст  базирана на Стандардите за ран детски развој, преку најразлични содржини, однапред испланирани од стручните служби и воспитниот тим. Секојдневното планирање и реализирање на активностите резултира во правилен психофизички развој и градење на личноста на детето.

Но, за квалитетна работа потребен е квалитетен персонал кој работи со децата. Во градинката "Весели Цветови" посебно внимание се посветува на стручното усовршување на вработените преку најразлични форми на едукација (предавања, работилници, дебати, трибини), развивајќи ја индивидуалната работа на воспитниот и негувателскиот персонал.

 

Познати сме по многубројните квалитетни приредби по различни поводи, во кои главни актери се децата, а понекогаш вклучуваме и некој родител или вработен, за да биде уште поинтересно.

 

 

 

 

 

Работно време:
Пон - Пeт: 06:00 до 18:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: 

fb Instagram

 

 

Read 500 times Last modified on Thursday, 09 February 2023 14:31
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org