MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ООУ. Михаљ Грамено с. Брест- Чучер Сандево

Thursday, 11 June 2020 13:03
Rate this item
(1 Vote)

Општинско Основно Училиште МИХАЉ ГРАМЕНО с. Брест се наоѓа во село Брест во општина Чучер Сандево.

Училиштето беше составено од три единици во три населени места, како централно и 2 подрачни но во текот на 2019 година се изврши издвојување на подрачното училиште од училиштето „Александар Урдаревски„ и истото се спои со ООУ „Михаљ Грамено„ с.Брест општина Чучер Сандево.

Во мометов, ООУ  „Михаљ Грамено„ се состои од едно централно училиште во село Брест и три подрачни и тоа во селата Танушевци, Малино и Блаце и има вкупно 167 ученика.

Централното училиште се наоѓа во с.Брест е изградено 1996 година. Истото е тврда градба со површина од 240 м2 и двор од 400м2 и отворено спортско игралиште од 1000м2. Наставата во училиштето се изведува на албански наставен јазик.

Училиштето Михаљ Грамено во с.Брест во учебната 2019/2020 година брои 22 ученици од I-IX одделение распоредени во 4 паралелки сите на наставен албански јазик.

Училиштето се загрева со дрва.

Подрачното Училиште во с.Танушевци во учебната 2019/2020 година брои 7 ученици од I-IX одделение распоредени во 2 паралелки.

Подрачното училиште во село Малино во учебната 2019/2020 година брои 25 ученици од I-IX одделение распоредени во 3 паралелки.

Подрачното училиште во село Блаце во учебната 2019/2020 година брои 113 ученици од I-IX одделение распоредени во 9 паралелки.

Од наведените училишта само подрачното училиште во село Блаце се

Мисија на училиштето е „се стреми кон обезбедување на најсовремени стандарди за едукција на учениците и нивен развој во комплетни личности без разлика на нивната етничка припадност. Сакаме да изградиме пријатна клима за меѓусебна доверба и почитување меѓу учениците, наставниците, родителите и локалната заедница. Ние сме средина на свесни, принципиелни, културни и доблесни индивидуи и градиме заемна доверба и почит. Ученикот е центар на сите наши заложби и ангажирања. Посветени сме на младиот човек, со желба од него да создадеме граѓанин со развиена еколошка свест кој ги знае своите права и одговорности, знае да го цени секој без оглед на полот, расата, културата, националноста и верската припадност или социјална положба„.

Визијата е „ да создадеме безбедна и дисциплинирана средина каде наставата ќе биде современа, ефикасна, квалитетна и прилагодена на потребите и интересите на учениците како и на нивните индивидуални можности и потреби. Стекнатите знаења и вештини да бидат трајни и истите да можат да ги применуваат во понатамошното образование и извршување на работните задачи, во чекор со напредната информатичка технологија. Училиштето им обезбедува еднакви можности на сите ученици до максимум да ги користат своите капацитети за да стекнат знаење, способности, вештини кои им се неопходни за секојдневно функционирање и натамошно образование. Истовремено, образованието има за цел да ја развие свеста за правата, обврските и меѓусебно почитување без разлика на вера, пол или етничка припадност како и развиоена еколошка свест со желба за акција и волја за долгорочна и одржлива промена во однос на животната средина.

 
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.cucersandevo.gov.mk

fb   Instagram

Read 1781 times Last modified on Thursday, 11 June 2020 13:10
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org