MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ООУ Страшо Пинџур - Карбинци

Thursday, 11 June 2020 12:43
Rate this item
(0 votes)

На десет километри од Штип во подножјето на планината Плачковица, покрај селото Карбинци во непосредна близина на реката Брегалница, се наоѓа ООУ „Страшо Пинџур“ Карбинци. Не постојат документирани податоци за постанокот на училиштето.

Од изјавите на најстарите жители во околината се дознава дека училиштето датира од времето на крајот од Отоманската империја. По балканските војни во зависност од освојувачите се менувало и името на училиштето, но не се познати имињата што ги носело училиштето. По ослободувањето и стекнувањето на државотворноста на Р. Македонија, основното училиште го добило името по народниот херој Страшо Пинџур.                 
Објектот на ООУ „Страшо Пинџур“ Карбинци денес се наоѓа во селото Карбинци веднаш до зградата на Општина Карбинци. Училиштето располага со девет подрачни училишта.
Наставната програма се изведува на македонски наставен јазик во (ЦУ Карбинци, ПУ Караорман, ПУ Таринци, ПУ Балван, ПУ Крупиште, ПУ Радање и ПУ Калаузлија) и на турски наставен јазик во (ПУ Радање, ПУ Прналија, ПУ Кучица и ПУ Оџалија).

 
Работно време:
Пон - Пет: 07:00 - 17:00
Саб - Нед: не работиме

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  
web:

fb   Instagram

Read 2039 times Last modified on Thursday, 11 June 2020 12:54
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org