MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место
×

Warning

JUser: :_load: Unable to load user with ID: 889

ГРАДСКИ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР АД СКОПЈЕ

Wednesday, 01 November 2023 07:18 Written by 
Rate this item
(0 votes)

Градски трговски центар (скратено ГТЦ) - трговски објект изграден покрај реката Вардар, во центарот на Скопје. Градскиот трговски центар претставува културна икона и еден од најпрепознатливите објекти за градот Скопје.

 

Изградбата била официјално започната на 11 октомври 1969 година, а на 27 април 1973 бил пуштен во официјална употреба.[1] Автори на проектот се архитектите Тихомир Арсовски, Живко Гелевски, Димитар Димитров, Благоја Колев, Радомир Лајовиќ, Лидија Маркова, Живко Поповски.

 

Објектот има две подземни, приземно и две надземни нивои исполнети со простори за трговски, угостителски, занаетчиски, банкарски и други услуги. Во комплексот на Градскиот трговски центар се интегрирани и петте постоечки станбени кули на кејот „13 Ноември“, изградени пред земјотресот во Скопје.

 

Историски развој

По завршувањето на Втората светска војна, Скопје станува главен град на СР Македонија, политички, економски и културен центар, со што се создаваат можности за негов општествен и стопански развој. Започнува период на интензивна обнова и изградба на Скопје, во кој со голем ентузијазам се извршуваат сите задачи кои ги поставувала младата Република.

Новосоздадените услови го запираат натамошното опаѓање на Скопје, а јасно определените насоки за развојот на општественото, економското и политичкото уредување, ги поставуваат темелите на социјалистичкиот сектор и воведување на нови производни односи. За подобро планско уредување, во 1948 година бил изработен првиот Урбанистички план, кој целосно ги вклучува стопанските планови за долгорочен развој. Се обезбедува комплексен развој на индустриските, станбените и централните зони, со определени содржини и димензии и квалитетни придружни функции.Напоредно со другите стопански дејности, трговијата добива многу значајно место. Таа успешно ги надминува проблемите наметнати по војната. Започнува процес на создавање на трговски основи врз нови основи, преку изградбата на првите народни магазини и други популарни продавници во различни делови од градот. Овие први социјалистички претпријатија ја преземаат иницијативата за поинтензивен и поквалитетен развој, преоѓајќи ги сите фази, од планско рационално снабдување до широк асортиман и висок квалитет.Според новиот Урбанистички план, новите површини наменети за трговски дејности, се распоредени во постојните трговски места во центарот на градот, Старата чаршија и новите станбени реони. На овој начин, трговијата сѐ повеќе ја развива својата дејност; стоковната размена и асортиманот континуирано се прошируваат, почнува окрупнување на трговската мрежа и нејзино вклучување во меѓународниот промет.Трговијата во Скопје станува значајна гранка. Се градат големи трговски објекти, првата стоковна куќа, Скопскиот саем и други капацитети. Градот расте и сè повеќе се развива, а со тоа се проширува и неговата трговска мрежа со современи капацитети.

Урбана уметност

Во рамките на проектите за ревитализација на ГТЦ, Градот Скопје и Младинскиот културен центар на 17 јуни 2018 година, во рамки на проектот „Градот Убав“,[2] во сутеренот на ГТЦ се одржа првата отворена галерија на урбана уметност во постоечки архитектонски контекст.Во проектот „Градот Убав“, во чии рамки беа промовирани уметнички дела од артистите Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски – Драш, Ермал Мусовиќ, Васил Димовски – Страјк, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски – Флим, Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими – Есием, Зоки Мише – Шума, Трајче Павлов, Владимир Милиќ, Воскресија Андреевска, додека координатор на проектот е Филип Конески.Проектот е дел програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), која претставува мрежа на 14 партнерски градови и институции (меѓу кои и Градот Скопје и МКЦ), на европското културно богатство и разноликост, чија цел е промоција на меѓународниот креативен сектор преку тренинзи, размени и изложби на визуелни артисти.

 

 

 

Работно време:

Пон - Пет: 09:00 - 21:00

Саб : 09:00-17:00

недела :  не работи

 

 e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

web: https://gtcskopje.com.mk/

 

 

 

 

Read 38 times Last modified on Tuesday, 12 November 2024 13:12
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org