MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ТЕХНОАЛАТ КОМЕРЦ ДООЕЛ Гевгелија Featured

Thursday, 26 October 2023 12:26
Rate this item
(1 Vote)

 

ДПТ ‘’ Техноалат – Комерц’Атанас ДООЕЛ од Гевгелија е основана во 1990 година и е една од првите привбатни компании во Република Македонија, основана од страна на Г-динот Атанас Кичуков. Основна дејност на нашата компанија е производство на леб и бели пецива за дневна употреба, но како компанија со добра репутација и високи резултати постигнати во долгогодишно работење, 2005 ја одбележавме со отворање на нов погон ХИНА Продуктс – Фабрика за преработка и производство на овошје и зеленчук во Гевгелија. Фабриката се простира на површина од 950м2.  Исто така фабриката располага и со магацински простор за складирање на готови производи од вкупно 1500м2.

Самата фабрика е сместена во индустриската зона на градот. Фабриката ХИНА Продуктс ги поседува и Европските стандарди за квалитет и безбедност на храната ИСО 22000:2005 (Integrate ISO 9001:2008, HACCP system and PAS 220). Нашата главна цел е да освоиме дел од домашниот и светскиот пазар со конкурентни цени и со нудење на целокупен асортиман на производи, со што очекуваме позитивни резултати од работењето.

Сето ова би се случило ако и само ако има добра поврзаност помеѓу:
- нашето искуство и знаење;
- знаењето и долгогодишното искуство на нашиот стручен тим;
- ИСО имплементирање на светските познати стандарди за квалитетна и безбедносна храна.

Ние сме мала компанија која поседува големо знаење и 20-годишно искуство со голема желба за понатамошно развивање и конкурирање на светскиот пазар.

Имплементирани стандарди: HACCP

Повеќе од 25 години ги снабдуваме нашите потрошувачи со производи кои се произведени со долгогодишна експертиза за да конечно можеме да го достигнеме нивото на перфекција кон кое секојдневно се стремиме... и сега гордо можеме да кажеме: Нашиот квалитет е стандардизиран а вашата сатисфакција е загарантирана со секој наш производ... Пробајте, уверете се и бидете наши постојани потрошувачи


Хина Продуктс - докажан бренд низ сите континенти. Нашите производи ги поседуваат сите највисоки стандарди за квалитет. Изградивме мрежа со која нашите производи се достапни во секој дом на буквално секој континент. Нашето присуство на сите поважни саеми за храна во светот не прави достапни за нашите дистрибутери и ни овозможува комуникација со чија помош заедно целиме кон нашата мисија - нашите производи да бидат достапни во секој дом.

 

Работно време:
Пон - Саб: 08:00-15:00h
Недела: Не работиме

е-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: www.hinaproducts.mk

 fb Instagram

Read 560 times Last modified on Tuesday, 09 July 2024 11:41
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org