ЕФИС е основано во 1999 година. Француското интернационално училиште во Скопје сега има 96 ученици (градинка и основно образование).
Училиштето е сместено во зграда и се наоѓа во градска средина, близу до центарот на градот, во општина Карпош, каде се наоѓаат сите меѓународни училишта во Македонија и нуди погодни услови за развој и учење на секој ученик.
Училиштето има добра инфраструктура и современа опрема.
Со својот динамичен и посветен наставен тим, училиштето се стреми на секој ученик да му понуди добро знаење, вештини и образование кое е отворено кон Европа и кон светот.
Тоа придонесува за ширење на францускиот јазик и култура во секуларна, повеќејазична и повеќекултурна образовна рамка.
ЕФИС е акредитирано училиште од француското Министерство за образование до деветто одделение.
Работно време:
Пон - Четврток: 07:00 - 18:00
Петок : 07:00 -13:00
Саб - Недела: не работиме
e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
web: https://efis.mk/mk/