MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ООУ ОРЦЕ НИКОЛОВ – С.ИЊЕВО

Wednesday, 19 April 2023 05:46
Rate this item
(0 votes)

 ООУ Орце Николов се наоѓа во с.Ињево-Радовиш. Училиштето има најразгранета мрежа во општината и пошироко, бидејќи во својот состав опфаќа седум ПУ оддалечени од 5-35 км. А комплетната обиколка изнесува околу 100 км.

Ваквата оддалеченост го отежнува нормалното работење во однос на навременото ажурирање и информирање. Оддалеченоста ќе биде причина за постојани  и редовни и чести средби, контакти и договарања на стручен и организационен план на стручната служба, наставниците,помошно-техничкиот персонал, учениците, родителите и вработените во училиштето.

Во училиштето се опфатени и ученици-училишни обврзници од I-V одд. од деветолетката, како и од V-VIII одделение од осмогодишно/деветогодишно  образование во ОУ во с.Ињево има шест ПУ и тоа 3 полни осмогодишни/деветогодишни  во с.Ињево, с.Калугерица и с.Злеово додека до во  селата: Воиславци, Сулдурци и Покрајчево се ПУ од I до V одд од деветогодишно образование.

Селата во кое се наога ОУ и ПУ имаат изградена инфраструктура кое што овозможува полесна организација на ВОР и достапот до училиштата.

Училиштата се наоѓаат во селска-рурална средина каде населението е претежно земјоделско, има многу мала вработеност, сето тоа влијае на условите и на начинот на работа во училиштето.

 

Училиштето е основно опфаќа ученици училишни обврзници од I-VIII од деветогодишно образование  и – VIII одд, од осмогодишно образование. Училиштето веќе работи 67 години на македонски наставен јазик поточно од учебната 1945/46 година.Училиштето  го прослави својот 65 годишно постоење,  одбележано  со свечена и опширна  програма со присуство на сите вработени и пензионери како и многу гости од други училишта и институции.

 

Низ училишните клупи во ОУ и ПУ имаат поминато многу генерации и генерации, многу од нив се здобија со средно, вишо и високо образование од разни струки занимања, а денес се успешни домакини, градежници, наставници, професори, инжинери, лекари  и многу други занимања, титули и звања.

 

Наставно-воспитната работа во ОУ “Орце Николов” се изведува во 6 училишни згради.

 

Во училиштето има 72 вработени од кои 55 се наставници и тоа во одделенска и предметна настава, 3 во стручна служба (психолог, педагог и библиотекар), 1 секретар и останатите за одржување на хигиената во училиштето.

 

 

 

Работно време:

Пон-Пет: 08:00 – 19:00ч.

Сабота-Недела: Затворено

e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.



 

 

 

Read 248 times Last modified on Wednesday, 19 April 2023 05:57
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org