MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

ВИЗИАНА - КУМАНОВО

Friday, 17 March 2023 06:58
Rate this item
(0 votes)

 Визиана е основана во 2002 година. Водата е лесна за пиење со богат хемискои состав погоден за човечкиот организам. Водата ВИЗИАНА MG290 извира на длабочина од околу 200 метри и е најбогата со магнезиум. Производот е цертифициран и се продава во Македонија, Австралија и С.А.Д.

ВО НЕДОПРЕНА ПРИРОДА ВО АТАРОТ НА СЕЛОТО КЛЕЧОВЦИ НА 20КМ ОД КУМАНОВО ДОЛЖ ЖИВОПИСНА ДОЛИНА НА РЕКАТА ПЧИЊА  СЕ НАОЃА БИСЕРОТ НА ПРИРОДАТА ИЗВОРОТ НА VIZIANA Mg290

VIZIANA Mg290 извира од длабочина од 186МЕТРИ.

НА ИЗВОРОТ СЕ ПОЛНИ 2003 ГОДИНА

ЛОКАЛИТЕТОТ ВИЗИАНА  VIZIANUS Е ПОЗНАТ ПО АРХИОЛОШКИ НАОДИ ОД 5ВЕК ОД РИМСКОТО ВЛАДЕЕЊЕ.

Првите истражувања на локалитетот Црквиште се започнати во 2001 година, и во помал обем се изведуваа до 2004 година. Најинтересен наод е токму објектот со апсида откриен во 2003 година – сакрален објект – ранохристијанска црква. Првичните согледувања се дека црквата е настаната во почетокот на 5 век, што ја прави една од најстарите во Македонија. Врз основа на пронајдените монети, крајот на втората фаза на постоење на црквата е определен во периодот 1071-1078 година

 

МИНЕРАЛЕН СОСТАВ И КАРАКТЕРИСТИКИ

Настанува со растопување на камен богат со магнезиум, Природно минерализирана со различни анјони и катјони, Mg Viziana е минерална вода богата со магнезиум бикарбонат. За иправна работа на органите во нашиот организам.

 

Редовно конзумирање на Mg Viziana ги задоволува 100% од потребите за магнезиум во вашиот организам,бидејќи Mg VIZIANA се издвојува по голема количина на природен магнезиум Mg 290 од други извори во својата зона поради својот состав и физичко-хемиските карактеристики.

 

Минералниот состав е специфичен не само за оваа зона туку и за целиот свет. Причината за ова е меѓусебниот однос на електролитите растворени во Mg VIZIANA, нивната индивидуална количина и нивната вкупна сума, што ја прави Mg VIZIANA единствен извор на природен магнезиум.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работно време:

Пон-Пет: 08:00 – 17:00

Сабота: 09:00 – 14:00

Недела: Затворено

 e-mail: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.



 

 

 

Read 985 times Last modified on Friday, 17 March 2023 07:18
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org