MkMap

Почетна :: Сите локации на едно место

 Старите Грци и Римјани ги користеле маслинките и маслиновото масло во нивната исхрана,а се користат до ден денес,што значи веќе неколку илјади години. Имено, денес маслинката е производ за борба против современите болести.

     Медитеранските земји со векови го одгледувале и искористувале маслиновото дрво, а во 16-тиот век е веќе пренесена во Америка.Маслиновото дрво трае 300 - 600 години. Во светот постојат повеќе од 70 видови на маслиново дрво настанати како резултат на вкрстување и прилагодување на различните поднебја.

Кој е волшебниот состав ?

Маслинките и маслиновото масло имаат значајно антиоксидантно дејство, содржат хранливи материи и многу лековити состојки: белковини, бета каротен, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Ц, витамин Д, витамин Е, витамин К, восок, ензими, мононезаситени масти, незаситени масни киселини, минерали, олеуропеин, олеинска киселина, омега 3 масни киселини, стеаринска киселина, палмитинска киселина, полифеноли, сквален, смола, фитостероли, флавониди, хлорофил... Исто така установено е дека маслиновото масло ја содржи лековитата супстанца ибупрофен.

Употреба

Најчесто маслинките се користат во вид на плодови или како маслиново масло за додаток во јадењата,но исто така и за правење на разни намази и сосови. Маслиновото масло може да се додава во сите салати,а се користи и за подготовка на некои слатки. Уште старите народи го користеле маслиновото масло за заштита од опекотини, јако сонце или како антисептик за рани. Покрај тоа што се користи како храна и лек, маслиновото масло се користи и за ароматерапија. Во поново време во Шпанија, некои состојки од маслиновото масло се додаваат во лебот со цел да делуваат против стареење. Најпознато, најквалитетно и најздраво е т.н. екстрадевичанско масло.

Лековито дејство и корисност

Како маслинките,така и маслиновото масло многу поволно делуваат на организмот и тоа нивниот придонес и значење е најголем при акни, аритмија на срцето (пореметен ритам), артристис, астма, болести на забите и усната шуплина, болести на срцето и крвните садови, болки во ушите, бронхитис, гастритис (воспаление на желудник), главоболка, габични инфекции на ноктите, грип, грозница, дерматитис (воспаленија на кожа), дијабетес, екцеми, имунодефициенција, импотенција, испукани усни и кожа, исцрпеност и умор, кандида, катаракта, кожни болести на главата и проблеми со косата, макуларна дегенерација, менструални тегоби, лошо памтење, маларија, мозочен удар и шлог, надразнети црева и спазам, несоница, некои видови на рак,неплодност,остеоартритис, отворени рани,покачена температура,раст и развој на деца, проблеми со варењето на храната, проблеми со простата кај мажите, вирусни инфекции, оштетувања и воспаленија на ткивата, како средство против болка, опекотини од сонце , запек, ПМС, покачен холестерол, за регулирање на крвниот притисок, за регулирање на прекуумерена тежина, реума, стрес, тегоби при менопауза хипертиреоидоза чиреви..
Маслиновото масло не содржи ниту глутен, ниту сол и го подобрува вкусот на храната. Така, според погоре изнесеното јасно може да се заклучи дека маслинките можат изобилно да се користат во исхраната.

 

 
 
 
 
 
 
 
Работно време:
Пон - Пет: 09:00 - 17:00

e-mail:
web:

fb Instagram

 

 

Read 1154 times Last modified on Friday, 25 November 2022 07:08
Скачать шаблон Joomla с JooMix.org